Контакт

Свет

Индија со закон ги забрани електронските цигари

Објавено пред

Индија денеска најави забрана за електронските цигари со образложение дека таквата консумација на производи со тутун претставува здравствен ризик, особено за младите луѓе, пренесува Си-ен-ен.

„За жал, е-цигарите првично беа промовирани како добар начин за откажување од пушењето. Тие требаше да им помогнат на пушачите да се откажат од пушењето“, рекла индиската министерка за финансии, Нирмала Ситараман.

Таа додала дека Владата одлучила дека дошло време да ги преземе неопходните мерки за да не се загрози здравјето на граѓаните.

Ситараман објаснила дека индиските власти биле загрижени од информациите за смртта на седум лица во САД поради заболувања на белите дробови поврзани со употреба на електрични цигари. Инаку, неколку стотици луѓе се лекуваат од болест на белите дробови во 36 држави во САД, а научниците и медицинските установи испитуваат точно како оваа болест е поврзана со употребата на е-цигари.

Министерката за финансии рекла дека ќе биде издадена итна уредба во наредните неколку дена со која ќе се забрани употребата на електрични цигари. Уредбата потоа ќе биде одобрена од парламентот и ќе се претвори во закон.

Забраната ќе ги опфати производството, увозот, извозот, транспортот, продажбата, дистрибуцијата, складирањето и рекламирањето на е-цигари.

Сторителите кои прв пат ќе го прекршат законот ќе се соочат со затворска казна до една година и парична казна од 100.000 рупии (околу 1.270 евра). За повторно прекршување казната ќе биде до пет години затвор и парична казна од 500.000 рупии (околу 6354 евра).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Канадскиот премиер Џастин Трудо освои втор мандат

Објавено пред

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, и Либералната партија победија на парламентарните избори и ќе ја формираат следната малцинска влада, објавија канадските медиуми.

Според Изборната комисија врз основа на 18 отсто преброени гласови, либералите освоија 145 пратенички места, додека Конзервативната партија на Канада на Ендру Шир има 106 пратеници.

Канадскиот Парламент има 338 пратеници, што значи дека за мнозинство потребни се 170 мандати.

Прикажи повеќе...

Свет

Фејсбук ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

Објавено пред

Фејсбук најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението на гласачите, за претстојните претседателски избори во САД следната година.

„Се соочуваме со повеќе софистицирани напади од агенти контролирани од државата. Но, верувам дека сега сме многу подобро подготвени отколку за изборите во 2016 година, изјави сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг.

Една од новите мерки е дека информациите кои доаѓаат од медиумите контролирани од влади на други земји, ќе се појават со назнака во која ќе се наведе нивниот извор. Друга мерка е дека кога корисниците ќе се обидат да споделат вест за која е утврдено дека е лажна од сајтовите за проверка на веродостојноста, ќе биде издадено предупредување дека информацијата е сомнителна.

Фејсбук, исто така, објави дека преземал дополнителни мерки за да спречи профилите на политичарите и другите учесници во изборниот процес да бидат хакирани или компромитирани од злонамерни лица или организации.

Прикажи повеќе...

Свет

Џонсон ги повика пратениците да го одобрат договорот за брегзит

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа упати апел до пратениците да го одобрат договорот за брегзит, истакнувајќи дека ниту тој ниту Европска Унија ниту јавноста не сакаат ново одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

„Јавноста не сака повеќе одложување, ниту европските лидери ниту јас. Завршуваме со Брегзит на 31 октомври и продолжуваме понатаму“, посочи Џонсон.

Тој повтори дека новиот договор обезбедува рамка за нов однос заснован врз слободна трговија и пријателска соработка.

„Излегуваме од ЕУ, но секогаш ќе бидеме Европејци“, истакна Џонсон.

Претходно претседателот на британскиот Долен дом, Џон Беркоу го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна Џонсон со ЕУ.

Британскиот Парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за Брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.

Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за договорот за Брегзит. Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Фејсбук ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

Фејсбук најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион41 минута

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет52 минути

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо кое го погоди овој американски град. Ударите...

Регион59 минути

Чавушоглу: Санцкиите и заканите нема да не спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзиваво северна Сирија, зјави турскиот...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион14 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет15 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија17 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ18 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија19 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија20 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија21 час

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ21 час

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија22 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет23 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа23 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет1 ден

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет1 ден

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Досие