Контакт

Свет

Индонезиска подморница со 53 морнари исчезна кај Бали

Објавено пред

Индонезиската воена морнарица трага по исчезната подморница со 53 члена на екипажот и бара помош од соседна Австралија и Сингапур, изјави командантот на вооружените сили Хади Тјахјанто.

Подморницата КРИ „Нангака-402“ од германско производство спроведувала вежба за торпедо во водите северно од Бали, но не известила за резултатите, изјави портпаролот на воената морнарица.

„Во водите на Бали, на 96 километри од тој остров, бараме 53 исчезнати“, рече Тјахјанто.

Според него, контактот со подморницата бил изгубен во средата во 4:30 часот. Тој исто така потврди дека неговата земја побарала помош од Австралија и Сингапур во потрага по бродот и членовите на екипажот.

Претставниците на министерствата за одбрана на Австралија и Сингапур сè уште не ги коментираа наводите за инцидентот.

Подморницата од 1.395 тони е изградена во Германија во 1987 година. Во меѓувреме, таа била на двегодишен ремонт во Јужна Кореја и повторно се приклучила кон флотата во 2012 година.

Индонезија претходно имаше флота од 12 подморници купени од поранешниот Советски Сојуз, која беше заменета со пет пловни објекти.

Две подморници се од германско производство тип 209, а три подморници се понови јужнокорејски пловни објекти.

Регион

Брачен пар од Бугарија уапсен во Германија, шверцувал новороденчиња

Објавено пред

Брачна двојка од Бугарија, барана од полицијата за шверц на новороденчиња во Грција, е уапсена во Германија и набргу ќе бидат екстрадирани, соопшти Државното правобранителство на Софија.

За осомничените во февруари била издадена европска потерница за „сомневање за учество во организирана криминална група, која шверцувала новороденчиња на грчка територија“, се вели во соопштението.

Мажот и сопругата, чиј син веќе е во притвор во Бугарија, беа уапсени на 29 април во Нојнкирхен, југозападна Германија. Државното правобранителство не ја наведе причината за нивниот престој во Германија.

На сите им се заканува затвор од 5 до 15 години.

Тие се обвинети за измама на бремени жени, кои биле од сиромашно потекло во Бугарија од 2015 година, ветувајќи им дека ќе добијат од 2.500 до 3.500 евра. Потоа ги одвеле и ги сместиле во стан во Атина пред породувањето.

„Неколку дена по раѓањето, децата биле продадени на локални шверцери, кои најверојатно припаѓале на меѓународна мрежа за трговија со новороденчиња“, велат надлежните во Бугарија.

Утврден е идентитетот на девет жени, сите со сиромашно потекло, чии деца се родени и продадени во Грција, пишуваат медиумите.

Неонаталната трговија, која првпат беше широкораспространета меѓу Ромите во источна Бугарија, се прошири во другите делови на земјата во последните неколку години, а најчеста дестинација беше соседна Грција.

Прикажи повеќе...

Европа

Земјоделец во Белгија случајно премести камен и ја прошири територијата на својата држава

Објавено пред

Белгиски земјоделец ненамерно ја прошири територијата на својата земја со поместување антички камен што ја означува границата со Франција.

Откритието од група ентузијасти што ја проучувале локалната историја додека шетале низ пошумената погранична област од француска страна покажало дека граничниот камен сега е поместен на 2,20 метра од местото каде што бил поставен во согласност со договорот за разграничување пред два века.

Ова резултира со негативни коментари од француска страна, пишуваат тамошните медиуми.

„Ако таа земја ни припаѓа нам, тогаш тоа е така. Ние не сакаме да нѐ оштетите за два метра“, изјави жител на француското погранично село, пренесува „Ројтерс“.

Од друга страна, во белгискиот град Еркиленес, градоначалникот Давид Лаво покажа подготвеност да избегне меѓународен инцидент.

„Земјиштето беше продадено и мислам дека оној што го купи ги помести границите на начин на кој тој сакаше. Но, ова не е само приватна граница, таа е граница меѓу државите и не можете да ги поместите граничните обележувачи што се таму веќе долго време“, се согласи градоначалникот.

Прикажи повеќе...

Европа

Огромна акција против детска порнографија во Германија

Објавено пред

Полиција претресе над 50 згради во Германија, а акцијата беше насочена против корисниците на интернет-платформи на кои се шири детска порнографија.

„Ова е досега најголемата координирана акција против детска порнографија во Баварија“, рече министерот за правда на Баварија, Георг Ајзенах.

Покрај Баварија, претреси беа извршени и во Долна Саксонија и во Баден-Вуртемберг.

Вкупно 51 лице се осомничени за поседување и дистрибуција на детска порнографија, како и за обид за контакт со малолетни лица преку интернет со намера сексуално искористување.

„Сторителите доаѓаат од сите возрасни групи, занимања и социјални слоеви“, рече Ајзенах.

Запленето е големо количество паметни телефони, компјутери и носачи на податоци во акцијата во која учествувале 213 полицајци.

Оваа недела во Германија веќе се случи голема операција против глобалниот синџир педофили, при што беа уапсени три лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија14 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија14 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија18 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија19 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија20 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет20 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион20 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет21 час

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет21 час

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија22 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион1 ден

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет1 ден

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија1 ден

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија2 дена

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа2 дена

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија2 дена

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет2 дена

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Досие