Свет
Интерпол заплени 17.000 лажни тестови за коронавирус
Во обемна меѓународна операција против шверц на пијалaци, храна и потенцијално опасни медицински производи, запленети се 17.000 лажни тестови за коронавирус, соопшти Интерпол.
Во операцијата што ја спроведоа Интерпол и Европол во 77 земји меѓу декември 2019 и јуни 2020 година, запленети се повеќе од 12.000 тони производи во вредност од 40 милиони долари.
Операцијата разби 19 криминални организации, а уапсени се 407 лица.
Запленети се и контаминирани млечни производи, месо од незаконски убиени животни и фалсификувани медицински производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

