Свет
Иранската служба за безбедност открила шпионски мрежи на ЦИА и МИ6
Шефот на иранското Министерство за разузнавање, Махмуд Алави, објави дека неговото министерство успеало да ѝ нанесе силен удар на шпионската мрежа на ЦИА која оперира во Иран и во регионот, објави новинската агенција „Мехр“.
Тој вели дека десетици шпиони, кои работат во чувствителни сектори на државата, биле уапсени како резултат на акцијата на министерството.
„Во еден комплициран процес против Централната разузнавачка агенција на САД, идентификувани се 290 шпиони од мрежата за шпионажа во различни земји, вклучувајќи го и Иран”, рече тој.
Алави понатаму истакна дека слична мерка била донесена и во врска со британскта МИ6, ветувајќи дека подоцна ќе објави повеќе детали за операциите против двете странски разузнавачки агенции . Тој исто така рече дека информациите за шпионските мрежи ќе бидат испратени до пријателски држави кои се заинтересирани за нив.
Ниту Вашингтон ниту Лондон не го коментираа извештајот.
Од доаѓањето на администрацијата на Трамп, Вашингтон презеде строг пристап кон Иран во својата надворешна политика. САД, пред се, се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор на 8 мај 2018 година и воведоа силни санкции против нафтениот, банкарскиот и превозниот сектор на Техеран во ноември истата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар, прв ракетен напад врз Европа
Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека две ирански ракети биле истрелани кон Кипар, во она што би претставувало прв ирански ракетен напад врз Европа.
– Прилично сме сигурни дека тие не беа насочени кон нашите бази – рече Хили во интервју за Скај Њуз.
Велика Британија има две големи суверени базни подрачја на Кипар.
Истовремено, „тоа е пример за многу реална, растечка закана“, нагласи тој.
Хили, исто така, откри дека 300 британски војници биле во близина на иранските напади во Бахреин.
– Некои од нив на само неколку стотини јарди од местото каде што паднаа ракетите – рече тој.
Свет
Нафтен танкер нападнат во близина на брегот на Оман
Оманскиот центар за поморска безбедност соопшти дека нафтениот танкер „Skylight“, кој плови под знамето на Палау, бил нападнат на околу пет наутички милји од оманскиот полуостров Мусандам.
Четири лица се ранети, а целиот екипаж од 20 лица е евакуиран, јавија локалните медиуми.
Засега нема други информации.
Оманските државни медиуми претходно јавија дека пристаниште Дукм било нападнато со два дрона, при што бил повреден еден работник. Тоа беше првиот таков напад врз заливската земја од избувнувањето на воените непријателства меѓу Израел, САД и Иран, пренесе ДПА.
Оман го осуди нападот и нагласи дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја заштити земјата и безбедноста на нејзините жители.
Оман дејствуваше како посредник во индиректните преговори одржани на почетокот на неделава меѓу САД и Иран.
Оман е членка на Советот за соработка во Заливот, предводен од Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт, кои се членки на оваа групација сојузничка на САД, пријавија ирански напади на нивните територии откако САД и Израел вчера почнаа воена кампања против Иран.
Свет
(Видео) Ирански водител расплакан ја објави веста за убиството на Хамнеи
Ирански телевизиски водител се расплака во живо додека ја соопштуваше веста за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој загина во заедничките напади што, според иранските власти, ги извршиле САД и Израел во саботата.
Видно потресен, водителот изјави:
„Бог е голем. Бог е голем. Со длабока тага ја известуваме иранската нација дека великиот ајатолах Али Хамнеи, врховен лидер на Исламската револуција, денес беше маченички убиен во заеднички злосторнички напад од страна на САД и ционистичкиот режим.“
Во текот на обраќањето, од студиото се слушале гласови и плач надвор од кадар, додека водителот ја информирал јавноста за смртта на Хамнеи.
Anchor breaks down while announcing the death of Iran’s supreme leader Ayatollah #Khameini #Khameini_ir pic.twitter.com/mtBBJhQZp0
— aditi tyagi (@aditi_tyagi) March 1, 2026

