Свет
Иран: Американците што бараат воен авантуризам ќе бидат испратени на гробишта
Секретарот на Врховниот ирански совет за национална безбедност, Али Шамкани, возврати на неодамнешната закана на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека секој одговор на иранскиот напад ќе биде 1.000 пати поголем, пренесува „Спутник“.
Во објавата на „Твитер“, Шамкани вети дека силите што размислуваат за воен авантуризам против Иран ќе бидат испратени на гробишта потсетувајќи го Вашингтон на ефективната одбрана на Исламската Република против ирачката инвазија на земјата во 80-тите години на минатиот век.
#HolyDefense Week is a historical document for the will of Martyr #Soleimani's generation to punish illusory dictators who think they are 1000 times more powerful than #Iran. Those whose hands are stained with Iranian's blood will be sent to the cemetery like Saddam. #HardRevenge
— علی شمخانی (@alishamkhani_ir) September 16, 2020
Доналд Трамп на „Твитер“ ја испрати својата закана на 14 септември кога во извештаите беа цитирани неименувани американски официјални лица дека Иран подготвува планови за атентат врз американската амбасадорка во Јужна Африка, Лана Маркс, како одмазда за јануарскиот атентат на генералот Касем Сулејмани, командант на силите Кудс.
Касем Сулејмани беше убиен во напад со беспилотно летало, нареден од Вашингтон, заедно со Абу Махди ал-Мухандис, заменик-шеф на ирачки „Хашд ал-Ша’аби“, и нивните придружници кога нивното возило беше нападнато пред меѓународниот аеродром во Багдад на 3 јануари.
САД тврдат дека командантот на силите Кудс на ИРГЦ планирале многубројни напади против американскиот персонал и инфраструктурата во регионот иако не биле презентирани докази за наводните планови за напад. Претходно, извештај на американските медиуми тврдеше дека Техеран размислува за тајна операција за одмазда за убиството на Сулејмани пред претседателските избори во САД во ноември.
According to press reports, Iran may be planning an assassination, or other attack, against the United States in retaliation for the killing of terrorist leader Soleimani, which was carried out for his planning a future attack, murdering U.S. Troops, and the death & suffering…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 15, 2020
Заканата на Трамп беше критикувана како неосновано обвинување против Техеран од страна на иранскиот амбасадор во ОН во писма до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и до претседателот на Советот за безбедност, Абду Абари.
„Таквата провокативна изјава претставува грубо кршење на основните принципи утврдени во Повелбата на ОН, особено на нејзиниот член 2 (4), кој јасно забранува закана или употреба на сила“, напиша Маџид Тахт Раванчи.
Иранскиот претставник ги потсети ОН дека Трамп упатил многубројни закани насочени кон Иран по убиството на генералот Сулејмани.
Портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи, слично ги предупреди САД да не направат уште една стратешка грешка.
„Се надеваме дека нема да направат нова стратешка грешка. Во тој случај, ќе се соочат со нашиот отпор“, рече Рабиеи на прес-конференција во вторникот.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, претходно сугерира дека Трамп бил измамен од американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој се обидел да го потопи во најголемото мочуриште со објавување нов лажен аларм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

