Свет
Иран изведува ракетни вежби во Оманскиот Залив
Иранската армија објави дека ќе спроведе големи ракетни вежби во Оманскиот Залив, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Во официјалното соопштение, иранската армија наведува дека маневрите ќе траат два дена, додавајќи дека тие ќе се одржат во регионот Конарак.
„На маневрите ќе бидат употребени бродовите Макран и Зра кои носат ракетни лансери“, се вели во соопштението.
Минатата недела беше соопштено дека иранската армија ја започнала најголемата вежба со беспилотни летала во североисточната провинција Семнан, со учество на стотици копнени, поморски и воздухопловни одбранбени сили на армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

