Свет
Иран обвинет за тортура на стотици луѓе по протестите во 2019 година
„Амнести интернешнел“ во средата ги обвини иранските безбедносни сили за примена на тортура за извлекување признанија, тврдејќи дека стотици луѓе биле затворени во огромната акција против протестите минатата година.
Демонстрациите низ Иран избувнаа во ноември 2019 година по големиот пораст на цената на бензинот, но беа задушени од безбедносните сили со масовни апсења во услови на речиси целосен прекин на интернет.
„Амнести“ соопшти дека собрала десетици сведоштва од 7.000 лица за кои проценува дека се уапсени, а меѓу нив имало и деца на возраст од 10 години.
„Сведиштвата откриваат серија шокантни повреди на човековите права, меѓу кои произволно притворање, принудно исчезнување, тортура и други злоупотреби“, велат од лондонската група за човекови права.
Се наведува и дека уапсените биле измачувани да признаат вмешаност во протестите, членување во опозициски групи или контакт со странски влади и медиуми.
Тортурата и другите злоупотреби од страна на полицијата, разузнавачките оперативци и други биле масовно распространети. „Амнести“ запишала имиња на повеќе од 500 лица изложени на нефер кривична постапка во врска со протестите.
„Оттогаш, стотици луѓе е осудени на затворски казни и камшикување, а неколкумина на смртна казна на крајно нефер судења предводени од пристрасни судии зад затворени врати. Затворските казни се движат од еден месец до 10 години “, велат од „Амнести“.
Техниките за тортура вклучуваат измачување со вода, тепање, електрошокови, прскање на гениталиите со пепер-спреј, сексуално насилство, лажни егзекуции и корнење на ноктите, посочуваат од „Амнести“.
„Се чинеше дека целото тело ми е прободено со милиони игли“, сведочел еден човек наводно измачуван со електрошокови, за „Амнести“.
Друг човек сведочел дека висел заврзан за рацете и нозете на столб – метод што неговите измачувачи наводно го нарекле „пилешки ражен“.
Во мај, иранскиот министер за внатрешни работи посочи дека најмалку 225 лица биле убиени за време на протестите во ноември, кога биле запалени бензински пумпи, нападнати полициски станици и ограбени продавници.
Група независни експерти за права на ОН во декември, врз основа на непотврдени извештаи, изјавија дека можено е во акцијата да биле убиени повеќе од 400 лица. Иран ги обвини за насилствата на протестите „насилниците“ поддржани од неговите непријатели САД, Израел и Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

