Свет
Иран ќе бара помош од Франција и Канада за декодирање на оштетените црни кутии
Шефот на Иранската агенција за цивилно воздухопловство изјави дека на неговата земја можеби ќе ѝ биде потребна помош однадвор за декодирање на податоците снимени на црните кутии од украинскиот авион што се урна во средата во близина на Техеран, пренесува РТ.
Али Абеџаде изјави за Си-ен-ен дека иако Иран има капацитет да ги декодира црните кутии од патничкиот авион „боинг“, сепак може да му треба дополнителна помош затоа што тие биле многу оштетени.
„Општо земено Иран има потенцијал и знаење да ги декодира црните кутии. Сите го знаат тоа. Меѓутоа, ако достапната опрема не е доволна за да се добие содржината, Техеран ќе им ги испрати кутиите на експерти од Франција или од Канада. Тогаш, каков и да е резултатот, ќе биде објавен“, рече тој додавајќи дека иранските и украинските експерти ќе почнат да ги декодираат податоците денеска.
Иран исто така побара „Боинг“ да испрати претставник за да се вклучи во истрагата во Техеран.
Иран во средата рече дека нема да им ги предаде црните кутии на САД претпочитајќи да спроведе своја истрага. Извештаите на американските медиуми во четвртокот цитираа анонимен извор oд Пентагон и разузнавачки агенти кои тврдат дека Иран по грешка го соборил авионот кој штотуку полетал од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран.
Канадскиот премиер, Џастин Трудо, вчера брзо го следеше раководството на САД велејќи дека разузнавањето посочило оти Иран е одговорен за ненамерно соборување на авионот. Техеран ги нарече овие тврдења, за кои не беа понудени докази, нелогични шпекулации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

