Свет
Исклучена електричната енергија на 55.000 домаќинства во Калифорнија
Компанијата Pacific Gas & Electric почна да ја исклучува електричната енергија на повеќе од 50.000 домаќинства во Северна Калифорнија поради опасност од нови пожари.
Сувите ветровити услови ја обновија опасноста од пожари во сезоната што веќе беше обележана со смртоносната огнена стихија.
Компанијата објави дека почнала да го намалува напојувањето за 33.000 корисници, а за речиси 20.000 за неколку часа, пренесува АП.
Со исклучувањата ќе бидат опфатени делови од речиси две десетини од окрузите, претежно во областа Сиера и заливот Сан Франциско и може да траат 48 часа.
Превентивните прекини на електричната енергија се стратегија насочена кон спречување пожари предизвикани од електрични водови кои се оштетени или уништени среде силен ветер. Опремата ПГ & Е предизвика неколку масовни пожари, кои уништија десетици илјади домови и предизвикаа смрт на повеќе од 100 луѓе од 2017 година.
„Ова се времиња на предизвик. Не само што сме на врвот на сезоната на пожари туку многумина од нас работат од дома, се школуваат од дома. Разбираме дека тешкотиите се јавуваат кога ќе ја исклучиме електричната енергија“, рече Марк Квинлан, одговорен за инциденти во ПГ & Е додавајќи дека тоа е крајната опција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

