Свет
(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа најмалку пет лица, уништија стотици домови и ги исцрпеа ресурсите за гаснење пожари и снабдувањето со вода.
На повеќе од 100.000 луѓе им е наредено да се евакуираат бидејќи сувите ветрови со урагански сили ги попречуваат операциите за гаснење и ги разгореа пожарите, кои речиси непречено беснеат во областите погодени од суша од вторникот.
„Овој пожар е масивен“, рече градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, на прес-конференција.
Нов пожар избувна во Холивуд Хилс во средата вечерта, изјави началникот на противпожарната служба, Кристин Кроули, на прес-конференција, што присилува повеќе евакуации, а бројот на пожари во округот Лос Анџелес се искачи на шест.
Beverly Hills evacuated! pic.twitter.com/FNtACel03R
— arttra (🛡️🌟 🚀) (@art____tra) January 9, 2025
Четири од нив горат надвор од контрола, вклучително и два големи пожара на источната и западната страна на градот, кои продолжија да се шират во средата додека паѓаше ноќта.
Во пожарот во Холивуд Хилс изгореа 20 хектари, соопшти пожарникарската служба на Калифорнија. Екипите со хеликоптер фрлаа вода врз пламените јазици и се чини дека го забавуваа пожарот.
Противпожарната служба во Лос Анџелес издаде наредба за евакуација на луѓето во област во Холивуд, каде што се наоѓаат познати локации поврзани со филмската и забавната индустрија.
Во рамките на овој простор е и театарот „Долби“, каде што се одржуваат „Оскарите“. Објавувањето на номинациите за „Оскар“ е одложено поради пожарот, соопштија организаторите.
Иако е релативно мал во споредба со другите, овој пожар гори веднаш над булеварот Холивуд и Патеката на славните. Преминувањето на автопатот би го загрозило холивудскиот знак на ридот, како и опсерваторијата „Грифит“.
People all over Hollywood are evacuating through Studio City due to the new fires on Sunset and in Hollywood. Wind has died down making it easier to contain the spread, but fires are still blazing. A bud just sent me this from the front of his apt in Hollywood. pic.twitter.com/SNgvooUfNP
— Beau Robinson🇺🇸 (@_beaurobinson) January 9, 2025
На западната страна на Лос Анџелес пожарите на Пацифик Палисадес проголтаа 6.406 хектари и стотици градби во ридовите меѓу Санта Моника и Малибу во вторникот, преку кањонот Топанга додека не стигнаа до Тихиот Океан.
Воздушната снимка снимена од телевизијата КТЛА покажува блок по блок куќи што горат во Пацифик Палисадес, мрежа од чад повремено испрекината од портокаловите пламени јазици на уште неколку запалени куќи.
На исток, во подножјето на планините Сан Габриел, вториот пожар уништи уште 4.289 хектари, 1.000 објекти и уби најмалку пет лица, соопштија локалните власти.
Метеоролошката служба „Акју ведр“ ги процени почетната штета и економската загуба на повеќе од 50 милијарди долари.
„Се соочуваме со историска природна катастрофа. И мислам дека тоа не може да се каже доволно силно“, рече на прес-конференција Кевин Мекгован, одговорен за управување со итни случаи во округот Лос Анџелес.
„Имаме пожари со години, но не вакво нешто“, изјави Френсис Колела, 71-годишна пензионерка, за „Ројтерс“, во центарот за евакуација во Пасадена одморајќи се во инвалидска количка заедно со десетици други.
„Тоа навистина е тажна појава и не можам да се сетам на нешто слично“.
Los Angeles has never experienced something like this. There are now 5 major fires all with 0% containment. The Sunset fire just resulted in mandatory evacuations in parts of Hollywood, with Beverly Hills now in the “get ready” zone. pic.twitter.com/luhjB8X29w
— Finance Guy (@101Dubby) January 9, 2025
Размерите и ширењето на пожарот ги исцрпеле противпожарните екипи.
Пожарникарите од шест други држави итно се префрлени во Јужна Калифорнија, изјави на прес-конференција началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Ентони Мароне.
„Го доведовме системот до неговите граници. Се бориме со огнот од градските водни системи“, рече на прес-конференција Џенис Кинонес, извршен директор на одделот за вода и енергија во Лос Анџелес.
Пожарите избувнаа во особено чувствително време за јужна Калифорнија, каде што нема значителни врнежи со месеци.
Потоа дојдоа силните ветрови носејќи сув пустински воздух од исток кон крајбрежните планини и разгорувајќи шумски пожари додека дува над врвовите на ридовите и во кањоните.
Научниците велат дека пожарите, кои горат и надвор од традиционалната сезона на шумски пожари, го означуваат последниот во серијата временски екстреми, кои, најверојатно, дополнително ќе ескалираат бидејќи глобалните температури продолжуваат да растат во наредните децении.
Претседателот Џо Бајден, кој ги прогласи пожарите за голема катастрофа, му се придружи на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, во противпожарната станица во Санта Моника за да добие брифинг за напорите за гаснење на огнот.
Во последните денови како претседател пред да му го предаде мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, Бајден го откажа претстојното патување во Италија за да се фокусира на координирање на федералниот одговор на шумските пожари, соопшти Белата куќа.
„Правиме сè што можеме за да ги контролираме овие пожари… за да се погрижиме да се вратите во нормала“, рече Бајден во противпожарната станица. „Ќе биде пеколно долг пат. Ќе треба време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Рајанер“ го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

„Рајанер“ ќе ја зголеми максималната големина на багажот што може да се носи во авион бесплатно и да се складира под седиштето за 20 проценти, откако Европската Унија презентираше предлог за нови закони што би дозволиле поголеми димензии.
Нискобуџетната авиокомпанија моментално им дозволува на патниците да земат бесплатен рачен багаж што се вклопува под седиштето, како што е чанта или мал ранец. Максималната големина сега се зголемува од 40x25x20 см на 40x30x20 см.
Иако станува збор за зголемување само од 5 сантиметри во ширина, ова значи дека волуменот на торбата се зголемува од 20 на 24 литри.
И покрај зголемувањето, „Рајанер“ сè уште заостанува зад својот главен конкурент „ИзиЏет“, кој дозволува багаж со димензии 45x36x20 см (32 литри), додека „ВизЕр“ веќе дозволува багаж со димензии 40x30x20 см.
„Рајанер“ изјави дека новите правила ќе бидат имплементирани во наредните недели.
Минатата недела, европратениците предложија патниците да имаат право на багаж со димензии од најмалку 40x30x15 см, како и дополнителен багаж со димензии до 100 см и тежина до 7 кг, без дополнителни трошоци со нивниот авионски билет.
Свет
САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Иран и неговиот либански сојузник Хезболах, насочени кон високи функционери и мрежи кои помагаат да се избегнат санкциите на САД поврзани со продажбата и транспортот на иранска нафта.
Министерството за финансии соопшти дека неговата Канцеларија за контрола на странски средства „презема мерки против мрежите кои колективно транспортирале и купувале иранска нафта вредна повеќе милијарди долари, од кои дел им користеле на силите Кудс на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC-QF), кој е прогласен за странска терористичка организација“.
Санкциите се насочени и кон бродовите вклучени во транспортот на нафта.
Министерот за финансии Скот Бесент изјави: „Министерството ќе продолжи да воведува мерки против изворите на приходи на Техеран и да го зголемува економскиот притисок за да го наруши (неговиот) пристап до финансиските ресурси што им овозможуваат на неговите дестабилизирачки активности“.
Санкции беа воведени и против неколку високи функционери и еден субјект поврзан со Хезболах поради помагање во избегнувањето на санкциите.
Овој потег ја нагласува посветеноста на попречување на напорите на Хезболах да ги избегне санкциите, според одделот.
Целта на санкциите беше и да се поддржат напорите на новата либанска влада да го ограничи влијанието на терористичката група, особено затоа што актери како финансиските институции на Хезболах продолжуваат да ја поткопуваат веќе кревката економија на Либан, соопшти одделот.
Свет
Путин разговараше со Трамп: „Нема да се откажам од своите цели во Украина“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, разговараа по телефон речиси еден час за војната во Украина, при што двајцата изразија подготвеност да бараат решение преку преговори, објави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
За време на разговорот, Трамп повторно го отворил прашањето за брзо завршување на војната во Украина, но Путин јасно ставил до знаење дека Русија нема да отстапи од своите цели, вклучително и, како што рекол, отстранување на причините што довеле до конфликтот.
„Нашиот претседател нагласи дека Русија ќе ги постигне целите што си ги поставила, а тоа е да ги елиминира познатите причини што доведоа до сегашната конфронтација“, рече Ушаков.
Путин му ги презентирал на Трамп и деталите за неодамнешниот договор со Украина за размена на затвореници и загинати војници и ја изразил подготвеноста на Москва да продолжи со преговорите со Киев.
Ушаков нагласи дека рускиот став е дека мировните преговори за Украина мора да се водат исклучиво меѓу Москва и Киев, без трети страни.