Свет
Исчезната девојка за која се верува дека е ќерка на Путин

Тинејџерка за која се верува дека е вонбрачна ќерка на рускиот претседател Владимир Путин наводно исчезнала откако на социјалните мрежи го покажала пентхаусот на мајка си во Монако вреден 3,1 милиони фунти.
Елизавета Луиза Кривоногих е ќерка на 46-годишната Светлана, поранешна чистачка за која се верува дека била љубовница на Путин на почетокот на 2000 години и дека станала мултимилионер по аферата со него.
18-годишната девојка беше официјално поврзана со имотот во обелоденетите документи како дел од проектот „Пандорините документи“ на почетокот од оваа година, а тоа го потврди со објавување фотографии од пентхаусот на „Инстаграм“, каде што има 83.200 следбеници.
Но, сега се зборува дека таа исчезнала бидејќи повеќе од два месеца не објавила ништо на популарната социјална мрежа.
Извори на британски „Сан“ веруваат дека Путин конечно го изгубил трпението со неа откако го налутило нејзиното објавување фотографии од луксузен стан во Монте Карло.
Документите на Пандора, кои содржеа повеќе од 1,9 милион чувствителни документи, покажаа дека Светлана се преселила во пентхаус во Монте Карло веднаш по раѓањето на Луиза, што ги засили теориите на заговор дека таа е ќерка на руски лидер.
На својот инстаграм-профил, наречен luziaroz, Луиза сподели сцени од својот луксузен живот и љубовта кон скапите патувања, накитот и облеката.
Нејзината последна објава на интернет е објавена на 1 октомври, а на неа се гледа дел од нејзиниот кревет, стапалото и Apple MacBook Pro како лежат до неа.
Загрижените следбеници забележале дека нема нови објави, а еден коментирал. „Сосема го напуштивте ‘Инстаграм’ поради некоја причина… Ве молиме, вратете ја Луиза“. Друг прашал: „Тато забрани да објавува детали за луксузниот живот“?
Путин никогаш не ги коментира наводите за вонбрачната ќерка или за аферата со Светлана, освен кога во една пригода налутено искара новинар кој го праша за тоа.
„Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува“, рече тогаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пукање во училиште во Денвер – ученик повреди двајца професори, полицијата трага по напаѓачот

Двајца возрасни лица се повредени денеска при пукање во средно училиште во Колорадо.
Пукањето се случило во средното училиште „Ист“, а напаѓачот е во бегство, соопшти локалната полиција, пренесува „АП“. Во инцидентот повредени се двајца членови на наставниот кадар.
„Ученик застрела и рани двајца возрасни во средно училиште во Денвер во средата. Едниот е на операција, а другиот е стабилен и може да зборува за тоа што се случило“, изјави градоначалникот Мајкл Хенкок за „Си-Ен-Ен“.
Полицијата во Денвер на „Твитер“ објави дека реагирала на пукањето во средното училиште.
„Засега две возрасни лица се пренесени во локална болница. Се верува дека осомничениот повеќе не е на местото на настанот и дека инспекторите работат на добивање дополнителни информации“, според твитот од полицијата во Денвер.
Училиштето беше затворено додека полицијата го истражуваше пукањето.
Свет
Шведска го усвои законот за пристапување во НАТО додека чека ратификација

Шведскиот парламент денеска официјално го одобри законот кој ќе и’ овозможи на земјата да се приклучи кон НАТО откако неговата апликација ќе биде ратификувана од сите 30 членки на алијансата, пишува „Ројтерс“.
Шведска и соседна Финска поднесоа барање за влез во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина. Сепак, тој процес е попречен од Турција, која, како и Унгарија, допрва треба да ги ратификува шведските и финските барања.
Очекувано, шведскиот парламент го усвои законот со големо мнозинство од 296 гласови за и 35 против. Партиите на левицата и зелените гласаа против.
Со влезот во НАТО, Шведска ќе стави крај на двовековната воена неутралност. Шведска особено се соочува со приговори од Турција, која тврди дека во Стокхолм има членови на терористички групи, што шведските власти го негираат.
Анкара бара екстрадиција на луѓето кои ги смета за терористи како услов за давање зелено светло за членството на Шведска во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека турскиот парламент ќе почне да го ратификува пристапот на Финска во НАТО, но го одложи во случајот со Шведска.
Истиот ден, унгарскиот парламент објави дека ќе гласа за ратификација на приемот на Финска во НАТО на 27 март, но не и на Шведска.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Аргентина.
Епицентарот на земјотресот бил северозападно од Сан Антонио де лос Кобрес.