Свет
Италијански војник избоден со нож во Милано, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“
Италијански војник бил прободен со нож во грлото од напаѓач, кој, како што се вели во извештаите, извикувал „Алаху акбар“ пред Централната станица во Милано, пренесува РТ.
Наводниот напад се случил околу 10.45 часот по локално време. Војникот бил погоден во вратот и рамото за време на бесмислениот напад, пишува „Молано тудеј“. Напаѓачот избегал од местото на настанот, но бргу бил уапсен од полицијата и во тој момент извикал „Алаху акбар“.
Во тек се истраги за да се утврди дали нападот е поврзан со тероризам.
Војникот бил однесен во блиската болница на итен третман, а неговата состојба се смета за животонезагрозувачка и покрај длабоката рана на вратот. Напаѓачот, наводно странски државјанин, бил вооружен со ножици и бил редовен посетител на станицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

