Контакт

РЕ-Џет сет

Италија воведува строги правила за инфлуенсерите: „Ова е крајот на Дивиот Запад“

Објавено пред

Италијанските инфлуенсери и другите создавачи на содржини на социјалните мрежи набргу би можеле да бидат обврзани со истите правила како и традиционалните медиуми кога објавуваат содржина на интернет. Активностите на инфлуенсерот ќе ги следи Италијанската агенција за комуникации, пренесува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Правилата првично ќе важат за инфлуенсери со повеќе од милион следбеници.

„Дивиот Запад на инфлуенсерите заврши“, рече шефот на агенцијата, Џакомо Ласорела.

„Почнуваме со големите, но и другите ќе мора да се приспособат“, изјави тој за весникот „Ла Република“.

Истакнатите инфлуенсери ќе се соочат со високи казни доколку не успеат јасно да ги означат соработките со брендови или да ги откријат своите комерцијални интереси. Предложените упатства исто така имаат цел да ги заштитат децата со нов сет регулативи, кои вклучуваат строги казни за влијателите што не ги рекламираат правилно соработките на нивните брендови и сопствените комерцијални интереси, и тоа со казни до 250.000 евра.

АГЦОМ во соопштението наведе дека нејзините мерки ќе се однесуваат на „комерцијалната комуникација и заштитата на основните права на луѓето, малолетниците и спортските вредности“. Во случај на пласман на производи „инфлуенсерите се должни да вметнат предупредување за рекламниот карактер на содржината“, се наведува во соопштението за медиумите.

Многумина гледаат на одлуката на АГЦОМ како поврзана со неодамнешниот скандал со големата италијанска инфлуенсерка Кјара Ферањи, што Ласорела го негира.

Во декември, Ферањи, која има речиси 30 милиони следбеници на „Инстаграм“, беше казнета со 1.075 милиони евра поради тврдењето дека продажбата на „дизајнерска“ розова божиќна торта ќе помогне во финансирањето на детската болница во Торино. Во реалноста производителот на тортата ги дал парите во болницата неколку месеци пред објавата.

Во изјавата објавена до нејзините следбеници таа рече дека направила „грешка со добра волја… со поврзување на комерцијална активност со добротворна активност“. Минатата недела италијанската полиција објави дека против Ферањи ќе биде поведена официјална истрага за измама во врска со случајот со божиќната торта.

Минатата година во другите европски земји беа воведени построги правила за инфлуенсерите.

Во јуни Франција донесе закон според кој инфлуенсерите би можеле да се соочат со затворска казна доколку се открие дека ги прекршиле новите регулативи за рекламирање. Тоа беше првпат работата на инфлуенсер да биде законски дефинирана во Европа.

Во октомври Европската комисија објави дека ќе го зголеми надзорот врз деловните практики и активностите на влијателите наведувајќи дека креаторите на дигитални содржини ќе мора „да ги следат фер комерцијалните практики, а нивните следбеници имаат право на транспарентни и веродостојни информации“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит повторно ја победи Анџелина на суд

Објавено пред

Холивудскиот актер Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли поради имотот „Шато Миравал“, каде што се произведува наградуваното розе.

dobivaj vesti na viber

Имотот се простира на 1.300 хектари во Прованса, јужна Франција, а парот дури и се венча таму во 2014 година.

Врховниот суд во Лос Анџелес ги потврди тврдењата на Бред дека Џоли го продала својот удел без негова согласност, што таа се обиде да го отфрли.

Тоа значи уште една судска победа на страната на актерот бидејќи судот ги отфрли наводите дека неговата тужба е „несериозна, злонамерна и проблематична“.

Битката за винарницата досега се водеше во судниците во Франција, Луксембург и во Лос Анџелес.

Медиумите претходно објавуваа дека актерот бил шокиран кога Џоли ја продала својата половина од нивната винарница, без заеднички договор, на рускиот тајкун Јури Шефлер и неговата група Столи.

Прикажи повеќе...

Забава

Се огласи фотографот на спорната фотографија на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Објавено пред

Папарацото што ја фотографира Кејт Мидлтон како се вози со принцот Вилијам во автомобил во понеделникот зборуваше за да ги отфрли теориите на заговор на интернет дека фотографијата е лажирана.

dobivaj vesti na viber

„Не ги менуваме нашите фотографии на ‘Фотошоп’, освен за да ја приспособиме осветленоста доколку е потребно“, изјави фотографот Џим Бенет.

Бенет рече дека тој и неговиот партнер биле ангажирани од медиумите за да го снимат принцот Вилијам како оди во Вестминстерската опатија на кралски настан.

„Автомобилите тргнаа од замокот Виндзор, а јас одблиску ги фотографирав во улицата Дачет хај, пред бр. 39. Фотографиите од автомобилот се непредвидливи најчесто и со малку рефлексија на стаклото може да биде тешко. Како што се случи, дури кога го проверив задниот дел од камерата за да се уверам дека сум го фотографирал принцот Вилијам, сфатив дека некој седи до него. Испадна дека е Кетрин“, рече тој.

Бенет зборува и за шпекулациите дека силуетата на Кејт е уредена на фотографијата и ја расчистува заблудата дека фотографијата ја објавило кралското семејство.

Направена е од професионален фотограф, а потоа објавена во САД од фотоагенцијата GoffPhotos.

Претходно, голем број познавачи на програмите излегоа со тврдења дека и оваа фотографија е фалсификат.  Тие го споредија профилот на Мидлтон на фотографијата на Бенет со снимката на принцезата на церемонијата во 2016 година шпекулирајќи дека таа е фотошопирана и на новата фотографија покрај сопругот.

Други забележаа недоследности со шаблонот од тули, што се гледа над автомобилот и низ неговите прозорци.

Сепак, се чини дека адресата на улицата Дечет, дадена од Бенет, исто така ги отфрли сомнежите за фалсификат.

Сомнежите за автентичноста на фотографијата беа поттикнати од признанието на Кејт во понеделникот дека ја уредувала сега познатата британска фотографија за Денот на мајката, споделена за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Забава

Медиумите: Зошто Вилијам ја пушти Кејт низ вода во скандалот со фотошопираната фотографија

Објавено пред

„Како можеше Бакингемската палата да ѝ дозволи на Кејт да ја преземе вината?“, е едно од клучните прашања што одекнува во британската јавност. Како нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, дозволил таа да биде на столбот на срамот? Работата да биде уште полоша, покрај тоа што целиот свет зборува за Кејт, за фотошопираниот фотоскандал и за нејзиното здравје, сега дури и блиските на принцот Хари и Меган Маркл почнаа да ја исмеваат принцезата од Велс, пишуваат британските медиуми коментирајќи дека од слетувањето на Месечината немало толку многу заговори колку за автентичноста на фотографијата.

dobivaj vesti na viber

Едноставната семејна фотографија на Кејт со нејзините деца, која требаше да ги замолчи шпекулациите за нејзиното здравје и расположение, се покажа како целосно создадена со помош на фотошоп, што беше протолкувано како најголемата ПР-грешка на кралското семејство во последните години, ако не и децении.

Неколку часа по објавувањето на фотографијата, новинските агенции во светот соопштија дека ја отстрануваат фотографијата бидејќи е очигледно неавтентична со најмалку 16 грешки.

И наместо да ги потисне шпекулациите за здравјето на Кејт, аферата со фотографијата дополнително предизвика загриженост.

„Ова е грешка што Меган никогаш не би ја направила“, изјави извор близок до Хари и Меган за „Пејџ сикс“.

Своето мислење на социјалните мрежи го сподели и нивниот биограф Омид Скоби.

„Со долга историја на лажење, прикривање од стравот од палатата… на јавноста ѝ е сè потешко да верува во зборовите, сега на фотографијата што ја споделуваат“, напиша тој.

Скоби продолжи да пишува дека враќањето на довербата на печатот и јавноста е уништена и тешко ќе се врати по овој инцидент.

Како Хари и Меган да се олицетворение на доверба и интегритет, пишува „Дејли мејл“. И покрај тоа што Кејт страда, оваа битка на трансатлантско натпреварување продолжува.

Хаосот продолжи со извинувањето од самата Кејт во понеделникот.

„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со уредување фотографии“, напиша таа.

Кејт има диплома по историја на уметност. Таа е неофицијален домашен фотограф на нејзиното семејство од раѓањето на нејзиното прво дете пред десет години.

Кејт, секако, разбира композиција, осветлување, теорија на бои и слично. Но, тука таа е сведена да се нарекува себеси обичен аматер кој експериментирал, и тоа лошо.

„Сакав да се извинам за конфузијата предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера“, продолжи таа.

Треба да обрнете внимание и на зборот „ние“. Таа не го направила ова сама. Поминува низ многу слоеви, преку помошници и приватни секретари, а можеби дури и кај кралот.

Се чини дека некој требало да ја советува да не објавува лажна слика. Исто така, се чини дека оваа екстремно лоша идеја можеше да ја извлече само некој кому никогаш не може да му се каже не. Каде е принцот Вилијам? Зошто не ја презеде вината? Оваа фотографија, сепак, наводно ја направил тој, пишуваат медиумите.

Дури и ако никој не веруваше дека тој е оној што стои зад лошиот фотошоп, повеќето луѓе сигурно не веруваат дека тоа е Кејт, која наводно е премногу болна за да вози или, според зборовите на Вилијам, дури и да ги гледа годинешните филмови номинирани за „Бафта“. Во сите овие случаи тој можеше да ја стекне светската почит и да ги прими ударите застанувајќи зад скандалот.

Наместо тоа, Кејт беше извлечена надвор од домот, фотографирана како седи до својот сопруг во задниот дел од автомобилот.

 

Никој не верува дека Кејт самата го направила овој хаос со фотографијата.

На крајот на краиштата, Вилијам има прилично софистицирано разбирање за тоа како функционираат медиумите. Тоа е вкоренето во неговата судбина.

Во меѓувреме, кралските извори ја туркаат приказната дека кутрата, заблудена Кејт, едноставно, не разбрала што прави. И покрај тоа што е физички болна, Кејт сега се вели дека е вознемирена што и самата предизвикала таков јавен хаос.

Кејт грозно се чувствувала поради ова, изјавил кралскиот извор за „Телеграф“. Нејзината намера била само да ја направи фотогарфијата најдобро што може да биде, но сега чувствува дека искреноста е „најдобрата политика“.

Може ли некој да замисли Чарлс да ја пушти Камила вака да падне? Најверојатно, не.

Кејт е иднината на круната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ за Балансерот: Тоа е опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5%...

Топ9 часа

Пратеници на службените електронски адреси добиле заканувачки пораки

МВР соопшти дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024...

Македонија12 часа

Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

Министерот за јавна администрација, Горн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и...

Економија12 часа

По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават...

Македонија13 часа

До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено...

Македонија14 часа

Наместо Скопје, прашина на подножјето на Водно – што се случувало во сеизмолошката станица за време на скопскиот земјотрес

Денес, 26 јули, одбележуваме 61 година од скопскиот катастрофален земјотрес, кој остави длабоки траги во историјата на градот Скопје. Земјотресот...

Македонија14 часа

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог…

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на...

Македонија15 часа

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја –...

Македонија16 часа

„Вреди“ го прозва Али Ахмети откога СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, дали ова ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од...

Македонија16 часа

Почвата кај Берово не се смирува: утрово регистриран уште еден земјотрес

Земјотрес од 3,1 степени утрово е регистриран во околината на Пехчево и Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се...

Свет17 часа

Камала Харис до Нетанјаху: Ставете крај на војната во Газа

Американскaта потпретседателка Камала Харис, која се очекува да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како...

Свет18 часа

(Видео) Американска пратеничка со говорна мана одржа говор користејќи глас со вештачка интелигенциј

Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во...

Топ1 ден

Починато бебе во Богданци: подолг период било хоспитализирано

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе....

Топ1 ден

Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена...

Македонија1 ден

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија1 ден

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 дена

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија2 дена

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија2 дена

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...