Контакт

Свет

И „Твитер“ ќе ги брише објавите што го негираат холокаустот

Објавено пред

Само неколку дена по сличниот потег на „Фејсбук“, и „Твитер“ соопшти дека ќе ги отстранува сите објави што го негираат холокаустот за кои платформата вели дека ја нарушуваат нејзината политика против ширење содржина на омраза.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на „Твитер“ рече дека компанијата ги смета за антисемитски објавите за негирање и веќе нема да ги толерира.

„Ние силно го осудуваме антисемитизмот, а однесувањето со омраза апсолутно нема место на нашата платформа. Воспоставена е силна политика против величење на насилството и преземаме мерки против содржините што ги величат или ги фалат историските акти на насилство и геноцид, вклучително и холокаустот “, рече таа.

Нацистичка Германија го спроведе холокаустот за време на Втората светска војна, при што системски беа убиени речиси шест милиони Евреи. Во јули „Твитер“ го блокира британскиот рапер Вајли за серија твитови што ги сметаше за антисемитски.

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, во понеделникот изјави дека неговата платформа ќе ги брише објавите што го фалат или негираат холокаустот или други форми на омраза.

„Со зголемувањето на антисемитизмот ја прошируваме нашата политика за забрана на каква било содржина што го негира или погрешно го претатавува холокаустот“, соопшти „Фејсбук“. „Ако луѓето го бараат холокаустот на ‘Фејсбук’, ќе почнеме да ги пренасочуваме кон авторитетни извори за да добијат точни информации“.

Свет

67 мртви во поплавите во Тексас, загина 21 дете

Објавено пред

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 денес, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по девојчињата од летниот камп продолжува трет ден по ред.

dobivaj vesti na viber

Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.

Леита рече дека исчезнати се 11 девојчиња и водач на летниот камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.

Другите жртви се од други области погодени од поплавите.

Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои што се држеле за дрвја.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.

Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.

Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.

Прикажи повеќе...

Регион

Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Објавено пред

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.

Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.

Прикажи повеќе...

Свет

Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Објавено пред

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.

dobivaj vesti na viber

„Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи дека делегација на палестинското исламистичко движење, предводена од Халил ал-Хаја, веќе е во Доха.

Израелската јавна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха во раните попладневни часови. Овие преговори ќе бидат фокусирани на условите за можен договор за прекин на огнот, особено во врска со ослободувањето на заложниците во Газа и палестинските затвореници во Израел, според истиот извор.

Исламистичкото движење побара значителни испораки на хуманитарна помош на палестинските територии, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.

Хамас продолжува да бара повторно отворање на преминот Рафа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, кој Израел го контролира од мај 2024 година, за да се овозможи евакуација на ранетите.

Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви затвореници, во замена за ослободување на Палестинците што ги држи Израел.

Хамас во петокот објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за американскиот предлог за прекин на огнот и дека го проследил „својот одговор“ до катарските и египетските посредници, без да даде детали.

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека бил информиран за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“ и дека ги смета за „неприфатливи“.

Индиректните преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Канцеларијата на премиерот потврди за АФП дека Нетанјаху ќе отпатува за Соединетите Држави денес околу 17:00 часот по локално време.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија7 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија9 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија11 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија12 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава12 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет15 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет16 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ1 ден

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија1 ден

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија1 ден

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ1 ден

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ1 ден

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...