Контакт

Свет

Киев го зајакнува военото присуство во Донбас

Објавено пред

Украина го зајакнува своето воено присуство во Донбас и на тој начин ги крши договорите за прекин на воените дејства, изјави рускиот претставник во мировните преговори во Минск, Борис Гризлов, по вчерашната средба на трилатералната контакт-група, пренесува ТАСС.

Контакт-групата разговараше за континуираните прекршувања на прекинот на огнот од страна на украинските сили. Беше забележано дека украинските вооружени сили ги зајакнуваат воените позиции во јужниот дел по должината на линијата за контакт, имено во близина на Золотоје и Петровскоје. Пред една и пол година воениот персонал и оружјето беа тргнати од тие области, но потоа украинските вооружени сили го прекршија договорот“, рече Гризлов.

Рускиот претставник истакна дека силите на Киев го интензивирале гранатирањето во Донбас по ротацијата на трупите.

Тоа покажува дека пристигнатите украински војници не се распоредени да го набљудуваат прекинот на огнот, туку, напротив, се обидуваат да се одмаздат“, истакна тој.

Рамковниот договор за распуштање на воените сили во Донбас беше потпишан од Украина, Русија, ОБСЕ и од самопрогласените републики Донецк и Луганск во септември 2016 година.

Според договорот, безбедносните зони треба да се постават на три дела по должината на линијата за контакт, во близина на Петровскоје (ДПР), Золотоје и во Станица Луганскаја (и двете во ЛПР). Договорот предвидува повлекување на силите од контактната линија за поставување безбедносни зони широки најмалку два и длабоки два километра.

Свет

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

Објавено пред

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на Москва, порача американскиот шеф на дипломатијата, Мајк Помпео, по објавата на извештајот за истрагата за тоа прашање.

„Јасно ќе им кажеме дека тоа е неприфатливо“, рекол Помпео.
„Ќе преземеме одлучни мерки за уште повеќе да ги платат своите злонамерни дејствувања и ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде Помпео.

Одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на специјалниот обвинител Роберт Милер, кој ја спроведе истрагата за наводното руско мешање, тој вели дека се работи за сериозна работа.

„Тоа е сериозно, Русија се меша во изборите во целиот свет, не само во нашоте во 2016 година, туку и во другите“, нагласил Помпео.

Прикажи повеќе...

Свет

Демократите бараат објава на целиот извештај на специјалниот истражител Милер, без прикривање на информациите

Објавено пред

Демократите од американскиот Конгрес по правен пат побараа увид во сите докази од специјалниот посебен истражител Роберт Милер, од неговата истрага за можно мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година.

Претседателот на одборот за правосудство на Претставничкиот дом, Џеролд Надлер, побарал од Министерството за правосудство да му го предаде целосниот извештај на Милер нагласувајќи дека не може да прифати редигирана верзија објавена вчера поради која на Конгресот сè уште голем дел од содржината на извештајот му е непознат.

„Мојот одбор треба и има право на целосна верзија на извештајот и доказите на кои се темели во согласност со претходната пракса. Се чини дека редигирањето е значајно. Досега не сме виделе никакви вистински докази, кои посебниот истражител ги утврди во овој случај“, рекол Надлер.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Се урна ѕид од црква во Јужна Африка, има жртви и повредени

Објавено пред

Најмалку 13 луѓе загинаа и голем број се повредени кога ѕид се урна во црква во Јужна Африка за време на велигденската миса. Службите за итна помош соопштиле дека 29 луѓе биле итно пренесени во болница по несреќата.

Локалните власти рекле дека причина за несреќата биле поројните дождови во регионот. Повеќето од жртвите се жени, а меѓу нив најмладата имала само 11 години.

Ѕидот на предната страна од црквата се урнал на почетокот на мисата, која била планирана за престојниот викенд по повод христијанскиот фестивал за Велигден.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20198 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија14 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија15 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија17 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија17 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток18 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија19 часа

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа19 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија1 ден

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие