Свет
Кина: Велика Британија ќе сноси последици поради понудата за граѓаните на Хонгконг
Кина објави дека Велика Британија ќе сноси последици за секој потег што ќе го преземе за да им понуди на граѓаните на Хонгконг да се населат во Велика Британија.
„Кина го задржа правото да постапува против Велика Британија по ова прашање“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Џао Лиџијан, на брифинг, пренесе „Ројтерс“.
Тој не прецизира какви контрамерки може да преземе Пекинг.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека со усвојувањето на законот за безбедност во Хонгконг од страна на Кина се нарушува високиот степен на автономија на Хонгконг и дека тоа претставува закана за слободите и правата заштитени со Заедничката декларација од 1984 година.
„Усвојувањето и наметнувањето на овој закон за национална безбедност е јасно и сериозно кршење на кинеско-британската заедничка декларација“, рече Џонсон.
Според него, тој закон го крши високиот степен на автономија на Хонгонг и е во конфликт со основниот закон на Хонгконг.
Тој изјави дека ако Кина продолжи по тој пат, Велика Британија ќе им овозможи на оние кои имаат британски прекуморски статус да живеат и работат во Велика Британија, а подоцна да аплицираат за државјанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

