Свет
Кина продолжува со апсење канадски државјани
Премиерот на Канада, Џастин Трудо, потврди дека Кина уапси уште уште една личност, канадска државјанка, иако напомена дека инцидентот не е поврзан со неодамнешното апсење на финансиската директорка на „Хуавеи“ од страна на канадските власти.
Трудо во средата изјави дека сè уште се собираат информации за настанот одбивајќи да коментира за него.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина не сакаше да го потврди апсењето велејќи само дека Канаѓанката Сара Мекајвер добила административна казна. Според многумина, другите двајца канадски државјани, Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор, биле притворени во знак на одмазда за апсењето на Менг Ванџо.
Трудо во средата рече дека канадските власти соработуваат со кинеските на претходните два случаја додавајќи дека ќе продолжат да бараат дополнителни информации во врска со причините за апсењето на Ковриг и Спавор.
Од кинеското Министерство за надворешни работи изјавија дека немаат информација оти Мекајвер била уапсена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“
Свет
Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни.
Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери.
Според него, разговорите ќе ги опфатат сите релевантни прашања, вклучително и деталите за документите што ќе ги разговара со американскиот претседател. Зеленски рече дека ќе се разговара и за „чувствителни прашања“.
Укринформ претходно објави дека Зеленски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц за подготовките за претстојната средба со Трамп. Тој исто така рече дека мисли дека неговиот состанок со Трамп ќе биде пред камери и медиуми.
„Мислам дека нашиот состанок ќе биде пред камери и медиуми. Не знам дали на почетокот или на крајот, но тоа ќе биде јавен состанок“, рече украинскиот претседател.

