Свет
Кина рече НЕ – моќната велесила, конечно, се огласи за конфликтот во Украина

Кина изрази надеж дека страните нема да ја затворат вратата за дијалог и дека ќе успеат да спречат понатамошна ескалација.
Кина внимателно ја следи целата ситуација во Украина и ги повикува сите страни да се воздржат од чекори што би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на земјата.
На прашањето дали официјален Пекинг ја смета специјалната операција како окупација, таа рече дека сето тоа е резултат на многу фактори.
Таа исто така изрази надеж дека страните нема да ја затворат вратата за дијалог и дека ќе успеат да спречат понатамошна ескалација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Според информациите, уапсен е 22-годишен Данец.
Осомничениот бил фатен по голема полициска потрага во регионот Сјеланд, објави „Ројтерс“.
„ Ќе спроведеме детална истрага и голем број полицајци ќе бидат присутни во Копенхаген, се додека не можеме со сигурност да кажеме дека напаѓачот дејствувал сам, изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен.
Тој откри дека убиецот убил маж на возраст од четириесет години, како и двајца млади, маж и жена.
Томасен изјави дека се ранети уште неколку лица, а меѓу нив три лица се во критична состојба.
Доцна синоќа се обрати и премиерката на Данска, Мете Фредериксен.
„ Данска беше погодена од брутален напад. Загинаа неколку луѓе, а уште повеќе се ранети. Невини семејства пазареа или дојдоа на ручек. Деца, адолесценти и возрасни. Нашиот убав и традиционално многу безбеден град се смени за дел од секундата. Ги повикувам Данците да застанат заедно и да се поддржуваат во ова тешко време“, рече Фредериксен.
Свет
Украина: Русите подготвуваат офанзива

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили се консолидираат во Лисичанск и подготвуваат офанзива во правец на Славјанск.
Наведено е дека руските војници извршиле артилериска подготовка во правец на Краматорск и ја преминале реката Северски Донец, пренесува Униан.
Украинскиот Генералштаб додава дека во правец на Славјанск руските сили се обидуваат да воспостават контрола врз населбите Богородичное, Мазановка и Долина и дека борбите продолжуваат.
Свет
Украина објави список со барања за продолжување на преговорите со Русија

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со Русија.
И тоа откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека за да се постигне мир, Киев ќе мора да ги прифати руските барања, вклучувајќи го и признавањето на Крим како руска територија и отстапувањето на регионите Доњецк и Луганск.
Подољак синоќа на својот Твитер профил изјави дека овие услови се итен прекин на огнот, повлекување на руските војници од Украина, враќање на киднапираните граѓани, екстрадиција на воени злосторници, механизам за репарација и признавање на суверените права на Украина.
Ceasefire. Z-troops withdrawal. Returning of kidnapped citizens. Extradition of war criminals. Reparations mechanism. 🇺🇦 sovereign rights recognition…The Russian side knows our conditions well. #Peskov’s boss may not worry: the time will come and we will record them on paper.
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) July 3, 2022
„ Руската страна добро ги знае нашите услови. Шефот на Песков не треба да се грижи: ќе дојде време кога ќе ги поправиме на хартија“, нагласи тој.