Контакт

Свет

Кина уапсила Канаѓанец инволвиран во случај со дрога

Објавено пред

Кинеската полиција уапси канадски државјанин во врска со случајот со дрога во кој учествуваат студенти, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, инцидент што се случува во услови на длабоко заладување во односите меѓу двете земји.

Владата на Канада изминатиот викенд изјави дека канадскиот државјанин бил уапсен во кинескиот град Јантаи во источната провинција Шандонг, иако не обезбеди детали.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, рече дека полицијата во Шандонг неодамна открила странски студенти инволвирани во случаи со дрога, од кои еден бил Канаѓанец.

Случајот се истражува, додаде тој, без да образложи.

Прашањето немаше никаква врска со друг случај на дрога со странци во провинцијата Џангсу, рече Генг.

Британската амбасада минатата недела објави дека четворица британски државјани биле уапсени во Џангсу.

Односите меѓу Кина и Канада се случија во декември минатата година кога полицијата во градот Ванкувер го уапси Менг Ванџо, главен финансиски директор на „Хуавеј текнолоџис“, по налог за апсење издаден од САД. Пекинг бара таа да биде вратена.

По апсењето на Менг, Кина уапси двајца Канаѓани обвинувајќи ги за вмешаност во кражба на државни тајни.

Свет

Руски разузнавач тврди дека е можно воено сценарио по нападите во Саудиска Арабија

Објавено пред

Шефот на руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, изјави дека е можно воено сценарио по нападите на саудиските нафтени постројки, но дека тој сепак се надева н мирно решение, пренесува „Спутник“.

„Военото сценарио е можно по нападите на нафтените објект во Саудиска Арабија, но се надеваме дека тоа прашање ќе биде решено по мирен пат“, рече Наришкин.

Американскиот претседател Доналд Трамп нешто порано изјави дека САД не сакаат војна со Иран, кого го сомничат дека ги организирал нападите во Саудиска Арабија.

чки председник је нешто раније изјавио да САД не желе рат са Ираном, којег они сумњиче да је Тој додаде дека Вашингтон е спремен за воен конфликт повеќе од која било друга држава затоа што го имаат најдоброто вооружување.

За потсетивање, во напад со дронови во саботата беше оштетен центарот на постројката за производство на нафта во Саудиска Арабија. Медиумите наведуваат дека таа постројка учествувала со пет отсто во глобалното снабдување со нафта.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Српската полиција уапси Мaкедонец и заплени арсенал оружје во неговиот стан

Објавено пред

Полицијата во Пожаревац го уапси П.С., 29, државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи и загрозување на безбедноста.

Се сомнева дека тој дошол пред куќата на педесет и седумгодишна жена во Пожаревац, барајќи да го види нејзиниот сопруг кој не бил таму, како и дека ја удирал влезната врата, соопшти МУП.

Полицијата наскоро го пронашла и му одзела два пиштоли, додека при претрес на станот во Пожаревац, каде што осомничениот престојувал непријавен, пронашле уште еден пиштол, придушувач и неколку парчиња муниција.

Осомничениот е задржан во траење од 48 часа, по што со кривична пријава е изведен во Вишото јавно обвинителство во Пожаревац.

Судијата му одредил казна притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Свет

Експлодира бомба за време на говорот на претседателот на Авганистан, загинаа најмалку 24 лица

Објавено пред

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се повредени кога експлодира бомба во близина на предизборниот митинг што го одржа авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Меѓу жртвите има жени и деца, пренесува „Раша“, додавајќи дека бомбата била прикачена на полициски автомобил што се наоѓал во близина на митингот.

Според извештаите на медиумите, најмалку 24 лица загинале, а повеќе од 30 се повредени.

Медиумите објавија дека целта можеби бил претседателот.

Тој не бил повреден во експлозијата и бил однесен на безбедно место, а „Раша“ пишува дека тоа е првиот терористички напад на настан на кој присуствувал и самиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

02 Иницијатива: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиони евра, нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет2 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет2 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет3 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија3 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија4 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет15 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет16 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија17 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија23 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија23 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија23 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион1 ден

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ1 ден

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет1 ден

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет1 ден

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион2 дена

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Досие