Свет
Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината
Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана првата земја што тоа го прави од 1970 година.
Ракетата наречена Long mart -5 беше лансирана синоќа по локално време (рано утринава во средноевропско) од островот Хаинан, јави „Ројтерс“.
Мисијата „Чканг Е-5“, именувана по античката кинеска божица на Месечината, ќе собере материјал од Месечината за да им помогне на научниците да дознаат повеќе за потеклото и формирањето на Месечината.
Доколку мисијата биде успешна, Кина ќе биде третата земја што ќе врати примероци од Месечината, по САД и Советскиот Сојуз.
Вселенското летало се очекува да ги врати примероците на Земјата за 23 дена, а Кина минатата година го имаше своето прво беспилотно слетување на Земјиниот сателит.
Кина годинава лансира сонда кон Марс, а во 2022 година планира да има постојан човечки екипаж во вселената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

