Свет
Кина: Ја прекинуваме соработката со САД во повеќе области

Пекинг денеска објави дека ќе ја прекине соработката со САД во повеќе области, вклучително и дијалозите меѓу високите воени команданти, сето тоа поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван оваа недела.
Кинеското министерство додаде дека ги прекинува разговорите за климатските промени со Америка, ја прекинува соработката во областа на спречување на прекуграничниот криминал и репатријација на илегални мигранти, објави „Ројтерс“.
Кинеското министерство денеска објави дека ќе ја прекине соработката со САД во повеќе области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Голем пожар во Валенсија, евакуирани 1.200 луѓе

Голем пожар во природа опустоши површина од 6.500 хектари во шпанската автономна област Валенсија, а 1.200 луѓе се евакуирани, соопштија денеска локалните власти.
Во соопштението на Министерството за правда на „Твитер“ се наведува дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани 15 авиони.
We don't know when we will back, perhaps we get evacuated from the uggly bushire here at the Costa Blanca, Spain – cross us the fingers! #racing #motorsport #spain #fire #costablanca pic.twitter.com/kpaphtaLBS
— automobilsport (@AutomobilsportC) August 15, 2022
Пожарот избувна во саботата на 13 август во градот Аликанте, а акцијата за гаснење е отежната поради непристапноста на теренот и силниот ветер.
Huge fires in #Spain. pic.twitter.com/T2nwipIiOF
— خالد اسكيف (@khalediskef) August 15, 2022
Ова е најголемиот пожар во Валенсија во последната деценија.
Многу европски земји во изминатите неколку месеци беа погодени од екстремно високи температури.
Некои земји се погодени од суша, а други се борат со огромни шумски пожари, кои уништија илјадници хектари, пренесе „Блиц.рс“.
Свет
(Видео) Русија покажа ново оружје, куче робот вооружено со ракетен фрлач

Во Москва во тек е голема воена изложба на руската армија – „Армија 2022“. Руската новинска агенција „Риа новости“ објави видео од куче робот опремено со противтенковски ракетен фрлач (RPG-26).
Претходно, на изложбата Москва покажа и модел на планираната нова вселенска станица, што ќе ја изгради Русија.
Планираната станица беше наречена РОСС од руските државни медиуми.
Да потсетиме дека Русија претходно најави дека планира да ја напушти Меѓународната вселенска станица по 2024 година.
НАСА соопшти дека сѐ уште не добила официјална потврда за планираното повлекување на Русија, пренесе „Блиц.рс“.
Video of the M-81 robot-dog armed with an RPG-26 at the Army 2022 defense expo. https://t.co/rUnwoCMoyS pic.twitter.com/BEDjnwstN0
— Rob Lee (@RALee85) August 15, 2022
Свет
Путин: Подготвени сме да им понудиме оружје на сојузниците

Русија е подготвена да им даде воена опрема на сојузниците во Латинска Америка, Азија и Африка, а Москва е отворена за обука на странски војници, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на воената церемонија „Армија 2022“, пренесува Си-Ен-Ен.
– Русија искрено негува историски силни, пријателски, навистина искрени врски со земјите од Латинска Америка, Азија и Африка. Подготвени сме да им го понудиме на нашите сојузници нашето најмодерно оружје – од мало оружје до оклопни возила и артилерија, борбена авијација, беспилотни летала – рече Путин.
Тој изјави дека Русија високо го цени фактот што има „многу сојузници, партнери, истомисленици на различни континенти“.
Путин, исто така, ги истакна предностите од обуката на странски војници во Русија и ги покани сојузниците да учествуваат во заеднички воени вежби.
– Гледаме многу можности во обуката на странски војници. Илјадници воени професионалци од целиот свет се горди алумни на нашите воени универзитети и академии – рече Путин,пренесе Денес.рс.