Свет
Кинезите дизајнираа роботска рака за преглед на заразени од коронавирус
Научниците од еден од најдобрите кинески универзитети дизајнирале роботска рака за која велат дека би можела да спасува животи среде епидемијата на коронавирус.
Машината се состои од роботска рака на тркала што може да изврши ултразвучен преглед, да земе брисеви од усната шуплина и да слушне звуци произведени од органите на пациентот за што обично се користи стетоскоп.
Tаквите задачи ги вршат самите лекари, но со помош на таков робот опремен со камери медицинскиот персонал не мора да биде во иста просторија со пациентот, дури може да биде во друг град.
„Лекарите се многу храбри, но овој вирус, едноставно, е многу заразен“, рече Цингхуа Ѕенг Гангти, професор по роботика на универзитетот, кој додаде дека роботската рака може да се користи и за најопасните задачи.
Изработката на една роботска рака чини 72.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

