Свет
Кинеската армија распореди 450 свои лекари во Вухан
Четиристотини и педесет лекари од кинеската армија пристигнаа со авион во градот Вухан, каде почна ширењето на корона вирусот.
Дел од тие лекари имаат искуство во борбата против ебола.
Кинеските власти претходно објавија дека ги прошируваат мерките за спречување на ширењето на новиот вирус. Воведени се национални мерки за откривање на новиот вирус во возови, автобуси и авиони за да се спречи ширењето, а ќе има прегледи на лице место и сите патници со симптоми на пневмонија веднаш ќе бидат префрлени во медицински центри.
На 13-те градови веќе ставени во карантин во покраината, додадени се уште пет.
Бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми на 41 лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

