Свет
Кинеската војска ги предупреди жителите на Хонгконг за долготрајните протести
Командантот на кинеската армија во Хонгконг по првпат ги коментираше протестите во оваа поранешна британска колонија која денес има статус на кинески специјален административен регион.
Командатот предупреди дека немирите сериозно ги загрозуваат животот и безбедноста на луѓето и не треба да се толерираат, објави британски „Гардијан“.
Тoj исто така порача дека кинескиот гарнизон е одлучен да ги заштити националниот суверенитет, безбедност, стабилност и просперитет на Хонгконг.
Властите во Хонконг во текот на неделава покренаа обвиненија за 42 демонстранти, кои беа ослободени со кауција.
Протестите во Хонгконг кои се одвиваат осум последователни недели беа предизвикани од предлогот на тамошните власти за екстрадиција на осомничени сторители во Кина.
Иако лидерката на Хонгконг, Кери Лам, призна дека работата на владата на законот за екстрадиција е комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза, а протестите прераснаа во демонстрација на општо незадоволство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

