Свет
Кинеските бродови не ја напуштаат спорната територија, Јапонија протестира

Официјален Токио испрати протест до Пекинг во врска со влегувањето кинески бродови на јапонска територија во близина на источните кинески острови за кои двете земји водат спор.
Бродовите веќе три дена одбиваат да ја напуштат територијата, соопштија јапонските власти.
Два кинески брода влегле на териториите што Јапонците ги сметаат за свои, а потоа се доближиле до јапонски рибарски брод, пренесува АП.
На јапонскиот брод имало тројца членови на екипажот, а Кинезите ги игнорирале предупредувањата да ја напуштат територијата, објави јапонската крајбрежна стража.
Се додава дека кинеските пловни објекти ги прекршиле правилата во областа Сенкаку, која е под контрола на Јапонците, а Кинезите го нарекуваат тој дел Дијаоју и го сметаат за нивна територија.
Секретарот на јапонската влада, Катсунобу Като, изјави денес дека чинот на Кина е за жалење и дека двата брода сè уште се во јапонските територијални води.
„Ние силно протестираме против нивниот влез на нашата територија, копно и воздух“, додаде Като.
Јапонската влада соопшти дека островите се во нивна сопственост уште од 1890 година и дека сè е официјализирано со меѓународното право.
Токио тврди дека Кинезите почнале да ги присвојуваат островите околу 1970 година кога таму биле пронајдени наоѓалишта на нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Норвешка вети милијарда долари помош за Украина

Норвешка денеска попладне вети дека на Украина ќе и испрати 1,04 милијарди долари, помош за да ја издржат војната со Русија.
Оваа информација денеска во Киев ја потврди норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Стоере рече дека се работи за пари за „помош на украискиот народ за потреби, за одбрана и за реконструкција на уништените градови“.
Регион
Пленковиќ најави ваучери за гориво за најзагрозените

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска од Осиек за цената на горивата рече дека во понеделник Владата ќе има седница.
„Ваучери за гориво ќе има за најзагрозената група граѓани. Сето тоа се случува поради руската агресија врз Украина и пореметувањето на пазарот. Се надевам дека ќе донесеме решение за нашите граѓани , но и за малите дистрибутери“, рече Пленковиќ.
Тој потенцираше дека внимателно се подготвува пакетот за повеќе од 120.000 граѓани.
„Немаме никакви недостатоци, има се во хрватските продавници. Со овој проблем се бори целиот свет“ ,додаде хрватскиот премиер.
Регион
Асен Василев го доби мандатот за да формира нова Влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Асен Василев, вицепремиерот и министер за финансии во оставка, за тој да ја формира новата бугарска влада.
Овој пат довербата како нов мандатар ја доби Василев од неговата партија Продолжуваме со промената наспроти неговиот партиски колега Кирил Петков, кој досега ја имаше функцијата премиер на Бугарија.
„Бугарија е во политичка, економска и социјална криза. Бугарите споделуваат легитимна загриженост за растот на цените и неизвесноста околу иднината. Од вчера имаме и надворешнополитичка криза“ – рече Радев при доделувањето на мандатот на Василев.
Следуваше одговор:
„За мене ова е огромна одговорност. Сите сме свесни дека во кризите со кои треба да се соочи Бугарија, исклучително е важно да се има влада. Исто така, важно е тој да работи во интерес на граѓаните, а не во интересот на статус-квото, и таа навистина да ги брани бугарските интереси и независноста на бугарската држава на ист начин како што тоа го правеше првиот кабинет на Продолжуваме со промената“ рече Василев.
Владејачката партија има рок од седум дена да предложи владин состав. Доколку истиот не биде одобрен, мандатот ќе оди кај партијата ГЕРБ на Бојко Борисов.