Свет
Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, ќе поставиме новогодишни елки во Киев

Киев планира да постави новогодишни елки, без светилки, во оштетениот град и покрај нападите на руската инфраструктура, кои оставија делови од градот без струја, соопштија властите.
„Никој нема да ги откаже Нова година и Божиќ, треба да има атмосфера на добредојде во градот“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за новинската агенција „РБЦ Украина“.
„Не можеме да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ“, рече Кличко.
Сергеј Коваленко, главниот извршен директор на компанијата ЈАСНО, која го снабдува Киев со електрична енергија, на „Фејсбук“ објави дека за да се заштеди струја, новогодишните елки ќе бидат без илуминации и венци.
Кличко изјави дека нема да има масовни собири или концерти – вообичаено за новогодишната ноќ. Градските компании ќе спонзорираат новогодишни елки низ Киев, вклучително и на плоштадот Софија во стариот дел на градот, пренесува „Хина“.
Новогодишните елки ќе бидат специјално поставени за да ги потсетуваат нашите деца на новогодишното расположение, рече градоначалникот, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Приведени четири лица за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград

Има приведени за нападот со камен врз македонскиот културен клуб во Благоевград, пренесе бугарскиот медиум НОВА од свои извори.
Во притвор се двајца мажи и две жени, сите на возраст од околу 40 години. Тие се од Благоевград и засега не е јасно кои се мотивите за делото.
Според неофицијални информации, по полициската акција во Благоевград, министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев разговарал со својот колега од Македонија и ги повикал локалните органи на прогонот да ја завршат работата за дефинитивно идентификување на напаѓачите на Христијан Пендиков.
Регион
Куче херој од Србија: Спасува жртви од земјотресот во Турција

Службеното куче на Министерството за внатрешни работи на Одделението за вонредни состојби, „Пожарникар Зиги“ е испратено како рамноправен член на Специјалистичкиот тим за спасување од урнатините во мисијата за помош на загрозените во Турција.
Зиги, 9 години, е белгиски овчар и е обучен и квалификуван да бара и спасува живи луѓе од урнатините и на отворено.
Тој поминал низ основна обука за послушност, како и основна обука за спасување и пребарување
Учествувал во неколку спасувачки операции и во неколку меѓународни вежби во Словенија и Србија.
Водич на ова службено куче е Мили Радојевиќ, пожарникар-спасител и член на Специјалистичката екипа за спасување од урнатините, кој за своите подвизи беше награден и со плакета за исклучителна храброст во 2018 година.
Водичите на службените кучиња поминале низ повеќе обуки во земјата и странство.
Регион
Вучиќ: Инцидентот во Собранието не беше случаен, се планирал хаос

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во Собранието зборувал за Косово и Метохија и дека луѓето можеле да видат кој сериозно пристапувал на темата, а кој не.
„ Луѓето можеа да видат кој сериозно зборува за важната тема за КиМ, а кој не. Можеа барем да притиснат копче.
Тој истакна дека лично вложил многу енергија и труд, и одговорил на сите прашања.
„Кога видов дека можеме да одбиеме независно судство на референдумот и дека се шират лаги и теории на заговор, веќе ништо не може да ме изненади. Јас лично вложив многу енергија и труд и одговорив на сите прашања. Ситуацијата беше тешка со децении, но сега е особено тешко поради војната во Украина.Многумина ја искористија приликата да ги изнесат најсериозните обвинувања, без никакви докази, а не се ни обидоа.Видов дека е подготвена и може само спонтано да изгледа лаик. Желбата беше да ме обвинат за предавство без да ми дадат шанса да им одговорам“, рече тој.
Како што истакна, не е проблем кога постојано трпи лични удари, бидејќи така научил.
„Против тоа не можеш да се бориш. Сите тие се учени политичари, многу од нив немаат стратешка длабочина и содржина. Навредите не се доволни, во ред е понекогаш да ги кажеш, тоа е политика. Но, кога некој ќе ти каже: „Ана Брнабиќ има Хрватски пасош’, гледате дека и тие што кажаа се зачудени затоа што не можат да поверуваат дека си поверувале на сопствените лаги. Инцидентот на седницата не беше случаен, се планирал хаос, требало да упаднат во Собранието“.
Вучиќ уште еднаш нагласи дека мора да се зачува мирот и сите да се однесуваат сериозно.