Свет
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спречила два напада од Хутите
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти денеска дека спречила два напада од Хутите, објави Саудиската државна телевизија на „Твитер“. Коалицијата уништила брод полн со експлозиви во јужното Црвено Море и беспилотно летало со експлозив наменето за Саудиска Арабија.
Коалицијата на арапските држави предводена од Саудиска Арабија влезе во судирот меѓу владата на Јемен и Хутите, вооружените политички опозициски сили, на страната на властите на земјата во 2015 година откако Хутите остварија значителен напредок на почетокот на судирите.
Оттогаш коалицијата спроведуваше воздушни, копнени и поморски операции против милитантите што ја контролираат Сана и големи области во северен и западен Јемен.
Во последниве неколку месеци границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен, која е опфатена со граѓанска војна од 2014 година, беше жариште на повеќе напади со ракети, беспилотни летала и експлозиви пријавени од Ријад како провокации на Хутите.
Последниот инцидент, во кој беше пресретнат дрон насочен кон Ријад, се случи на 4 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

