Свет
Ковид-19 ја стивна планетата – во 2020 регистрирани ниски нивоа на бучава
Научниците утврдиле дека планетата Земја во текот на 2020 година имала најтивок период во изминатите неколку децении бидејќи пандемијата на Ковид-19 значително ја намалила човековата активност и нејзиното влијание врз кората на планетата, пишува британски „Гардијан“.
Весникот наведува дека меѓународна група на сеизмолози од 33 земји измериле пад до 50 проценти во таканаречената амбиентална врева создадена од луѓето што патуваат и од фабриките за време на нивната работа откако строгите мерки за заклучување стапија во сила во многу земји во светот.
Тимот, во кој биле вклучени експерти од швајцарската сеизмолошка служба од Универзитетот ЕТХ во Цирих, во текот на 2020 измерил пониски нивоа на бучава на 185 од вкупно 268 анализирани сеизмички станици во светот, пренесува британскиот весник.
„Гардијан“ пишува дека градската бучава била помала и за 50 проценти на некои мерни станици во текот на неделите на најстрогите заклучувања бидејќи била намалена фреквентноста на автобусите и возовите, авионите приземјени, а фабриките затворени.
Бучавата во некои случаи била помала и во споредба со периодот околу Божик од некои претходни години, што традиционално се смета за најтивок период во годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

