Свет
Комбинацијата на руската и оксфордската вакцина ќе ги штити граѓаните две години
Комбинацијата на „спутник 5“ и таканаречената оксфордска вакцина, што ја произведува компанијата „Астра зенека“, ќе штити од коронавирусот две години, изјави Александар Гинзбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, на ТВ Русија 24.
Според него, овие две вакцини ќе обезбедат многу подобро формирање на мемориски клетки и ќе го зголемат имунитетот.
Овој месец, „Гамалеја“, Рускиот фонд за директни инвестиции, руската фармацевтска компанија „Р Фарм“ и фармацевтската компанија „Астра зенека“ потпишаа меморандум за соработка во развојот на вакцина против коронавирус.
Гинзсбург најави дека заедничките клинички испитувања на вакцината против коронавирус нема да бараат многу време и големи инвестиции, бидејќи вакцините се слични.
Извршниот директор на „Астра зенека“, Паскал Сорио, изјави дека комбинацијата од двете вакцини ќе овозможи програмата за вакцинација да биде флексибилна.
„Ова ќе биде единствена соработка во светот помеѓу двајцата производители на вакцини и се надевам дека ова ќе ни обезбеди најдобра заштита“, рече Сорио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пред заминувањето, Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца американски претставници, додека претседателот во заминување се обидува да ја зајакне владата во Киев пред да ја напушти функцијата во јануари.
Според официјален претставник запознаен со планот, администрацијата на Бајден планира да обезбеди различни противтенковски системи од американските резерви за да го запре напредувањето на руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети Стингер и муниција за ракетниот систем HIMARS, објави Ројтерс.
Пакетот, исто така, се очекува да вклучува касетна муниција што вообичаено се наоѓа во ракетите со водени состави за повеќекратно лансирање (GMLRS) кои ги испалуваат HIMARS лансерите, се вели во известувањето што го видел Ројтерс.
Официјалното известување за пакетот оружје до Конгресот би можело да дојде уште во понеделник, рече еден официјален претставник. Содржината и големината на пакетот би можеле да се променат во наредните денови пред очекуваниот потпис на Бајден.
Европа
Покојниот египетски милијардер обвинет за силување, во Британија ги истражуваат помагачите
Британската полиција соопшти дека започнала истрага за тоа дали луѓето поврзани со починатиот египетски милијардер Мохамед ал-Фајед помогнале во наводното силување и сексуален напад на женски персонал во неговата стоковна куќа „Хародс“ во Лондон.
Документарен филм на Би-Би-Си во септември објави дека Ал-Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, сексуално ги злоставувал женските вработени, ги принудувал на медицински прегледи и им се заканувал со последици доколку се обидат да се спротивстават.
Ал-Фајед ги негираше сличните обвинувања пред неговата смрт.
„Оваа истрага има за цел да им даде глас на преживеаните, и покрај фактот дека Мохамед ал-Фајед повеќе не е жив за да се соочи со кривично гонење.
Меѓутоа, сега ги истражуваме сите лица осомничени за вмешаност во неговите злосторства и се залагаме за барање на правдата“, рече командантот Стивен Клејман од лондонската Метрополитен полиција во соопштението во средата.
Тој не кажа колку лица се под истрага.
Адвокатите кои ги застапуваат жртвите рекоа дека злоупотребата се случила не само во Хародс, туку и на други локации поврзани со деловната империја на Ал-Фајед, како фудбалскиот клуб Фулам, хотелот Риц Париз и неговиот имот во Сари, истакнувајќи дека повеќе од 400 луѓе се јавиле .
Според документарецот на Би-би-си, Хародс не интервенирал, туку помогнал да се прикријат наводите за злоупотреба додека Ал-Фајед бил сопственик.
Европа
Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја
Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи дека станува збор за напад со руски крстаречки проектил.
„Енергетската инфраструктура повторно е цел на масовен непријателски напад“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.
Thursday morning in Kyiv – our Thanksgiving Day – we awoke to air raid sirens and from the bunker we see the whole country is red from the threat of missiles from Russia as Ukraine’s energy infrastructure is currently under attack. pic.twitter.com/zKaNUdKPqS
— Ambassador Bridget A. Brink (@USAmbKyiv) November 28, 2024
„Непријателот продолжува да го напаѓа Харков со проектили“, напиша градоначалникот Ихор Терехов на апликацијата за пораки Телеграм.
Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер ги повика жителите да останат во засолништа.