Свет
Кремљ: Средбата Путин – Зеленски ќе зависи од модалитетите на договорот

Потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володомир Зеленски, со цел да се потпише договор за решавање на актуелната ситуација, ќе зависи од модалитетите на документот, кој допрва треба да се договори, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Сè ќе зависи од модалитетот на документот за кој допрва треба да се договориме“, рече Песков на прес-конференција.
Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, претходно изјави дека по завршувањето на работата на тој документ, може да се организира средба меѓу Путин и Зеленски, потсетува руската агенција ТАС С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руски војник осуден на доживотен затвор за воени злосторства во Украина

Судот во Украина осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на цивили во Украина. Ова е прва пресуда за воени злосторства од почетокот на конфликтот во Украина.
Заробениот војник Вадим Шишимарин беше осуден за убиството на Александар Шелипов (62) во североисточното село Чупагивка на 28 февруари.
Тој призна дека пукал во Шелипов, но рече дека постапил по наредба и побарал прошка од семејството на жртвата.
Украина истражува многу други наводни воени злосторства.
Москва негираше дека нејзините војници биле насочени кон цивили за време на инвазијата, додека Украина вели дека можеби се случиле повеќе од 11.000 злосторства.
Ова судење во Киев се смета за шанса Украина, без сомнение, да докаже дека руски војник убил цивил, без оглед на правилата на војната, пренесе Телеграф.
Свет
Задолжително тестирање за 99 милиони луѓе во кинеската провинција Хенан на секои два дена

Централната кинеска провинција Хенан, една од најнаселените во земјата, воведува задолжителен ПЦР тест за своите 99 милиони жители на секои 48 часа, поради ширењето на епидемијата на Ковид-19.
За разлика од другите земји, Кина продолжува да се бори против коронавирусот со својата стратегија „нулта ковид“, која се состои од карантини и масовни тестирања во случај на само неколку случаи на инфекција.
Таа политика, која е ефикасна во областа на здравството, со само неколку илјади смртни случаи од Ковид-19, според официјалните податоци, тешко се одразува на долгорочното стопанство на земјата, пишуваат медиумите.
За да избегне слична судбина во двата најголеми града во земјата, провинцијата Хенан одлучи да воведе масовно тестирање, надевајќи се дека позитивните случаи ќе бидат откриени и изолирани што е можно поскоро.
На официјалната веб-страница на покраинската влада се вели дека жителите треба да прават ПЦР тест најмалку на секои 48 часа.
Покраината, која се наоѓа на околу 400 километри јужно од Пекинг, досега го избегна последниот епидемиски бран, а во последните денови забележа десетици нови случаи позитивни на вирусот.
Тестирањето ќе започне пред крајот на месецот во главниот град на провинцијата Женгжу, соопштија властите.
Без тестот, жителите нема да имаат пристап до јавниот превоз и јавните места.
Европа
Убиен чувар во амбасадата на Катар во Париз

Во катарската амбасада во Париз денеска е убиен чувар, а во рамките на истрагата е уапсено едно лице, соопшти обвинителството во Париз, потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите.
„Можеме да потврдиме дека денеска е отворена истрага за обвинението за убиство и дека допрва треба да се утврдат околностите за смртта на чуварот“, соопшти обвинителството, додавајќи дека се уште не е јасно дали оружјето било употребено, пренесува Ројтерс.
Еден чувар е убиен во раните утрински часови во инцидент кој се чини дека нема никаква врска со тероризам, изјавил за Ројтерс извор близок до истрагата, додавајќи дека осомничениот влегол во амбасадата околу 6:30 часот и се скарал со чуварот и му задал смртоносен удар со тупаница.