Контакт

Свет

Кремљ: Украинските барања за гасот се апсурдни

Објавено пред

Украинските барања упатени кон Русија во врска со прашањето на гасот Кремљ ги смета за апсурдни и неприфатливи, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.

„Немам што да додадам на објаснувањата што ги даде претседателот Путин во Бразил. Во моментот нема ништо ново. Ако се сеќавате, тој рече дека постои опасност од влез во новата година без соодветна и објасни зошто е ова лошо“, рече Песков.

Постоечките договори меѓу Русија и Украина за транзит и испорака на гас истекуваат кон крајот на декември.

На последните трилатерални консултации со претставниците на Европската комисија (ЕК) во октомври, руската страна изнесе став за потребата од пакет-решенија за транзитното прашање заедно со судските спорови и испораките на гас во Украина, но во таа насока не е остварен напредок.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Тим Рот тајно пристигна во Хрватска

Објавено пред

Познатиот холивудски актер и режисер Тим Рот (58) пристигна во Загреб во целосна тајност, пренесува „Вечерњи лист“.

Публиката во моментов го гледа во серијата „Лажи ме“, а беше снимен од објективот на една обожавателка додека сурфал на интернет на неговиот мобилен телефон и се релаксирал со чаша вино во хотелот „Еспланада“ во Загреб.

Актерот, кој го обележа улогата во филмот на Тарантино „Кучиња од резервоарот“, како што дознава „Вечерњи“, цел ден е во Загреб.

Рот, наводно, ќе престојува во Загреб неколку дена, а никој не знае која е причината за неговата ненадејна, мистериозна посета.

Прикажи повеќе...

Свет

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Објавено пред

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање и поседување порнографски материјал и искористување малолетни лица за порнографија.

Во Шпанија се уапсени 17 лица, меѓу кои има и малолетници, кои на апликацијата „Вацап“ во група споделувале порнографски фотографии и видеа во кои се вклучени деца.

На некои снимки се прикажани силувањата на многу мали деца, од кои најмладите имале само неколку месеци, а најстарите имале 12 години.

Две лица се уапсени во Уругвај. Меѓу нив е и мајка, која е осомничена дека сексуално ја малтретирала својата ќерка и снимала сè, а потоа ги праќала снимките во група.

Полицијата исто така уапсила маж (29), кој ги охрабрувал членовите на групата да им се јавуваат на девојчиња и потоа да испраќаат материјали.

Шпанската полиција ја следи оваа група веќе две години, а во истрагата се вклучени Европол и Интерпол.

Покрај Шпанија и Уругвај, апсења имало и во Велика Британија, Перу, Индија, Италија, Франција, Пакистан и во Сирија.

Прикажи повеќе...

Свет

Вулканот на Нов Зеланд е сè уште активен, одложена потрагата по жртвите

Објавено пред

Вулканот на Нов Зеланд утрово исфрлил уште пареа и лава во пораст на геотермалната активност. Тоа повторно ја одложи потрагата по телата на жртвите од смртоносната ерупција, која се случи пред два дена на белиот остров.

Вулканските активности утрово пораснаа придружени со исфрлање уште пареа и лава какви што досега не се видени од ерупцијата во 2016 година, соопшти агенцијата за сеизмолошки следења „Геонет“.

„Ги толкуваме овие сигнали како доказ на постојано висок притисок на гас внатре во вулканот“, наведува агенцијата додавајќи дека ситуацијата и натаму е неизвесна во поглед на идните активности и дека е многу веројатно оти во следните 24 часа може да дојде до уште ерупции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По  33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор, Пецо Неданов кој на Фејсбук објави дека...

Свет1 час

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија1 час

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет3 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион3 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија16 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија16 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет18 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион18 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија21 час

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија22 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија1 ден

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 ден

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 ден

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет1 ден

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Досие