Свет
„Крокодилот“ преживеа бомбашки напад во Зимбабве

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва наречен „крокодилот“ преживеа бомбашки напад во Булавајо. За време на неговото обраќање на стадионот загинаа неколку луѓе откако беше активирана експлозивна направа. Претседателот Мнангагве не е повреден и е сместен во куќа во Булавајо.
Но, меѓу повредените има повеќе високи официјални лица, откриваат локални медиуми. Според нив, заменик-претседателот Кембо Мохади имал повреди на нозете од експлозијата, но засега нема официјална потврда. Весникот ја дефинира експлозијата како обид за атентат. Повредени се и други високи функционери се повредени, како и некои од нивните телохранители.
Портпаролот на претседателот на Зимбабве, Џорџ Чарамба изјави дека досега имало „повеќе обиди“ за атентат врз Мнангагве.
Ова се случило за време на неговиот говор кој е дел од кампањата за претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на 30 јули. Изборот на Мнангагва следеше по драматичното заминување на претседателот Роберт Мугабе, кој под голем притисок од јавноста, поднесе оставка на таа функција. Изборите ќе бидат први во Зимбабве, откако Мугабе беше соборен по 37 години на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“ што сакал да му ги пренесе на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој рече дека неговата средба со Путин траела еден час и главно била за војната во Украина. Словачкиот премиер истакна дека за време на средбата, Путин го информирал за разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска и за „перспективите за завршување“ на војната.
„Извлеков неколку заклучоци и пораки од овој важен разговор што имам намера да му ги пренесам на украинскиот претседател Зеленски в петок“, нагласи Фицо.
Тој исто така рече дека очекува многу повици од други европски лидери.
Фицо пристигна во Кина за да присуствува на најголемата воена парада во историјата на земјата.
Откако се врати на функцијата во 2023 година, Фицо ја прекина воената помош за Украина од словачките воени резерви и ги доведе во прашање европските санкции кон Русија. Фицо, исто така, во минатото вети дека ќе го блокира влезот на Украина во НАТО. Членството во НАТО бара согласност од сите земји-членки.
Путин и Фицо последен пат се сретнаа во Москва во мај за време на прославите на Денот на победата во Русија. Додека односите меѓу Братислава и Москва продолжуваат да се продлабочуваат, европските сојузници продолжуваат да ги критикуваат Фицо и унгарскиот премиер Виктор Орбан за нивниот пристап кон Русија.
фото: принтскрин
Свет
Нов силен земјотрес во Авганистан

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени го погоди југоисточен Авганистан, само два дена откако земјотрес со магнитуда од 6 степени уби повеќе од 1.400 луѓе и повреди илјадници други во истиот регион, предизвикувајќи стравувања од понатамошни штети и уништување.
Денешниот земјотрес беше на релативно мала длабочина од 10 километри, иста како и оној што го погоди земјата во недела на полноќ. Тоа беше еден од најлошите земјотреси во Авганистан во последните години, срамнувајќи ги со земја куќите во изолирани села. Степенот на штетата од новиот земјотрес сè уште не е познат.
Тешкиот терен сериозно ги попречува напорите за спасување во изолираните села во погодениот планински регион. Досега е познато дека најмалку 1.411 лица загинале, 3.124 се повредени, а повеќе од 5.400 куќи се уништени, изјави портпаролот на талибанската администрација, Забихулах Муџахид.
Се стравува дека повеќе луѓе се заробени под урнатините, според Авганистанската црвена полумесечина, хуманитарна група што работи во регионот. Координаторот на ОН во Авганистан изјави дека бројот на жртви сигурно ќе се зголеми.
Изолираната земја е склона кон смртоносни земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча. Источните провинции Кунар и Нангархар беа најтешко погодени од земјотресот во недела навечер.
Фото: Илустрација (ЕПА)
Свет
(Видео) Ким Џонг-ун со возот наречен движечка тврдина стигна во Пекинг

Познатиот оклопен воз на Ким Џонг-ун повторно е во центарот на светската јавност, откако севернокорејскиот лидер со него патуваше до Пекинг. Таму ќе се сретне со кинескиот колега Шји Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Њузвик“.
Ова е прва посета на Кина од јануари 2019 година, а се очекува да присуствува на воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, приклучувајќи се на лидерите на двата најважни сојузници на Северна Кореја.
🚨‼️🔥North Korean leader Kim Jong Un is on his way to Beijing to attend China’s Victory Day military parade on September 3, marking the 80th anniversary of Japan’s surrender in World War II.
Kim travels on a special armored train pic.twitter.com/mOyJt8DieO
— MOSCOW NEWS 🇷🇺 (@MOSCOW_EN) September 2, 2025
Во возот беа и водечките официјални лица на владејачката Работничка партија на Кореја и севернокорејската влада. Со Ким во Пекинг допатува и неговата помлада ќерка, Ким Џу-е, за која се смета дека можеби ќе го наследи.
Возот што го користи Ким Џонг-ун, наречен „движечка тврдина“, има непробојни стакла, зајакнати подови и ѕидови отпорни на експлозии, како и противвоздушно оружје, според јужнокорејското Министерство.
Воени извори од Јужна Кореја наведуваат дека возот има радари, топови, лансери на ракети земја-воздух и дури и хеликоптер за итно бегство. Сета опрема значително го зголемува товарот на возот, кој се движи со максимална брзина од околу 56 километри на час. Патувањето до Пекинг, околу 1.300 километри, трае приближно 20 часа.
На утрешната воена парада првпат ќе се сретнат кинескиот, рускиот и севернокорејскиот лидер. „Присуството на Ким и Путин во Пекинг формализира трипартитен однос меѓу Кина, Русија и Северна Кореја пред јавноста“, изјави за AFP Су Ким, консултант за геополитички ризик и поранешен аналитичар на ЦИА.