Контакт

Свет

Куба почна со извоз на својата вакцина против коронавирус

Објавено пред

Куба соопшти дека за првпат ја извезла во Виетнам својата вакцина против коронавирус „Абдала“, која се дава во три дози. Станува збор за првата пратка во рамките на договорот за испорака на пет милиони дози во оваа земја.

Кубанските научници развија три домашни вакцини против Ковид-19 и чекаат да добијат официјална потврда од Светската здравствена организација, објави „Ројтерс“.

Државната фармацевтска корпорација „Биокуба Фарма“ објави информации за извозот на „Твитер“, откако претходно оваа недела соопшти дека произвела доволно вакцини за да ја исполни целта за имунизација на повеќе од 90 проценти од локалното население до средината на ноември.

„Биокуба Фарма“ верува дека може да произведува 100 милиони дози од вакцините „Абдал“, „Соберана 2“ и „Соберана плус“ годишно. Компанијата тврди дека вакцината го намалува ризикот од сериозни болести или смртност за околу 90 проценти.

Потпретседателката на корпорацијата, Мајда Маури, изјави дека, откако ќе се постигнат целите за снабдување во земјата, ќе почне испораката на вакцини во други земји, вклучително и Иран и Венецуела.

„Разговараме за регулаторни прашања со Аргентина и со други земји во различни региони во светот“, истакна таа.

Иран веќе почна со производството на вакцината „Соберана-2“.

Виетнам, Аргентина и Мексико изразија надеж дека наскоро ќе ги произведуваат кубанските вакцини, додека многу земји користат други кубански лекови за третирање на „Ковид-19“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бајден: Ако Кина нападне, САД ќе го заштитат Тајван

Објавено пред

САД ќе застанат во одбрана на Тајван и имаат обврска да го бранат островот на кој Кина полага право, рече американскиот претседател Џо Бајден, иако Белата куќа подоцна рече дека нема промена во политиката кон островот.

„Да, ние сме должни да го сториме тоа“, одговори Бајден во Градското собрание на прашањето дали САД ќе застанат во одбрана на Тајван, кој се жали на зголемен воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет.

Иако Вашингтон е обврзан со закон да му обезбеди одбрана на Тајван, долго време ја следи политиката на „стратешки нејаснотии“ за тоа дали да интервенира воено за да го заштити Тајван во случај на кинески напад.

Портпаролот на Белата куќа рече дека Бајден во Градското собрание не објавил промена во политиката на САД, но одби дополнително да коментира дали Бајден погрешил.

„Одбранбениот однос на САД со Тајван е во согласност со Законот за односи со Тајван. Ние ќе се придржуваме кон нашите обврски според тој закон, ќе продолжиме да ја поддржуваме самоодбраната на Тајван и ќе продолжиме да се противиме на еднострани промени во статус кво состојбата“, рече портпаролот.

Прикажи повеќе...

Регион

Кремљ: Познати се датумот и местото за средбата Путин – Вучиќ

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека датумот и местото за средбата меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, веќе се одредени.

Се наведува дека Кремљ навремено ќе ги соопшти деталите.

На прашањето на РИА Новости дали е познат датумот на средбата меѓу претседателите на Србија и Русија, Песков одговори:

„Да, местото е веќе познато“.

Вучиќ неодамна изјави дека 25 ноември е прелиминарен датум за средба со Путин.

Прикажи повеќе...

Свет

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Објавено пред

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз (48) на филмски сет во Ново Мексико.

Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Руст“.

Хачинс, која била директор на фотографија на снимањето на филмот, со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била констатирана смрт, додека Соуза со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар Кристус Сент Винсент.

Истрагата е во тек.

Во изјава за „Франс прес“, портпаролот на шерифот во Санта Фе рече дека Болдвин разговарал со детективите и засега не е покренато обвинение.

„Дојде доброволно и ја напушти зградата по разговорот“, рече портпаролот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион17 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија18 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ19 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија21 час

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија23 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа23 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ1 ден

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 ден

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет1 ден

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет2 дена

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија2 дена

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ2 дена

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија2 дена

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија2 дена

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија2 дена

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Досие