Свет
Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот
Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН).
Вакцината е наречена „соберана 02“.
Претходната вакцина „соберана 01“ е во фазите I и II на клиничките испитувања со нешто повеќе од 700 волонтери. Нејзиниот пробен период помина без негативни ефекти. Конечните резултати од истражувањето се очекува да бидат објавени во јануари 2021 година.
Estudio Fase I, aleatorizado, doble ciego y adaptativo para evaluar la seguridad, reactogenicidad y explorar la inmunogenicidad, de diferentes formulaciones de los Candidatos Vacunales Profilácticos anti #SARSCoV2, FINLAY- FR-1 y FINLAY- FR-1A fue aprobado por @CecmedCuba. pic.twitter.com/lcnrNcsPd4
— Instituto Finlay (@FinlayInstituto) October 19, 2020
Куба исто така почна ново клиничко испитување на новиот кандидат за вакцини регистриран од институтот за вакцини „Финлеј“ со името „соберана 01A“, што пред десетина дена почна да се применува во две или три дози.
Институтот објави дека регистрирал ново клиничко испитување во јавниот регистар за да процени разни формулации и распоред на дози. Најдобрата варијанта ќе напредува во повисоките фази на клиничките испитувања.
Фазата I на студијата ќе се одвива помеѓу 19 октомври и 9 ноември, а завршувањето на процесот е закажано за февруари 2021 година.
Деталите за новата вакцина може да се видат во јавниот регистар на клинички испитувања, каде што од август е регистрирана „соберана 01“.
Вкупно 6.678 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Куба досега, од кои 128 завршиле фатално. Повеќе од 6.000 пациенти веќе закрепнале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА
Свет
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе втора недела
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа.
Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни.
Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во обидот да го контролираат наративот за протестите и немирите.
Фото: depositphotos

