Контакт

Регион

Курти: Во ЕУ не може да се случи национално обединување на Албанците

Објавено пред

Лидерот на Самоопределување и, најверојатно, иден премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека во ЕУ не може да се случи национално обединување на Албанците, но оти може да постои идеја за федерација.

„Косово и Албанија треба да се приближат, интегрираат во идејата за федерација, како Германија, со децентрализирани институции“, оцени Курти. Тој претходно изјави дека нема да брза со продолжувањето на разговорите меѓу Белград и Приштина или да го укине данокот на увоз на стоки од Србија.

Во интервју за „Асошиејтед прес“, Курти рече дека преговорите во Приштина и Белград нема да бидат неговиот приоритет кога ќе ја преземе функцијата премиер. Тој додаде дека дури и укинувањето на данокот за увоз, кој беше поставен како основен услов за продолжување на преговорите, не може да биде автоматско.

„Можеме да го укинеме данокот на увоз само откако ќе се примени принципот на реципроцитет“, рече Курти, прецизирајќи дека Србија мора да ги исполни сите обврски според 33 договори потпишани од Белград и Приштина, како дел од преговорите во Брисел.

„Многу е жално да се види дека Белград не се соочува со сопственото минато“, рече Курти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Најголем број новозаболени во Грција од април

Објавено пред

Во Грција денеска е потврден 121 нов случај на коронавирус, што е најголем дневен број на нови случаи од 22 април.

Од 121 нов случај, пет се регистрирани на копнените и воздушните влезни точки во земјата, додека 26 се регистрирани во регионот на Атика, а 47 во Солун, пренесе агенцијата АНА.

Вкупниот број на заболени од коронавирус во Грција е 4.885, а бројот на починати е 209.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 60 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Црна Гора се пријавени 60 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало, соопшти тамошниот Институт за јавно здравје.

Во последните 24 часа тестирани се 465 лица, а најголем број од заболените се од Подгорица, Бијело Поле и Никшиќ.

Од почетокот на епидемијата во Црна Гора се потврдени 3.361 случај, а починале 53 лица, од кои 44 од почетокот на јуни.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес од 5,7 степени ја погоди југоисточна Турција

Објавено пред

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе провинцијата Малати во југоисточниот дел на Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси.

Потресот бил на длабочина од пет километри, пренесе „Ројтерс“.

Според информациите, земјотресот предизвикал неколку материјални штети, но нема извештај за евентуални жртви или повредени.

Турскиот Директорат за вонредни состојби навел дека земјотресот бил со магнитуда од 5,2 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето. Спасувачите...

Свет35 минути

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите коишто ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, додека над...

Македонија35 минути

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет1 час

(Видео) Над 2.000 тони амониум нитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна...

Македонија12 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет13 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија17 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ18 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија18 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија19 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија19 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија19 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија20 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија20 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија20 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет22 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион23 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ23 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет1 ден

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Досие