Свет
Курц и под меѓународен притисок по аферата, коалицијата на стаклени нозе
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изложен е на голем меѓународен притисок да ја прекине коалицијата со Слободарската партија по аферата што ја тресе австриската влада.
На видеото од 2017 година се гледа како вицеканцеларот и претседател на Слободарската партија, Хајнц Кристијан Штрахе, на наводна внука на руски милијардер и нуди државни работи за финансиска помош на неговата партија.
Тој денеска поднесе оставка од функцијата и изјави дека бил пијан.
На видеото снимено во Ибица покрај партискиот претседател Штрахе присутен е и потпретседателот на Слободарската партија, Јохан Гуденус кој денеска исто поднесе оставка.
Курц требаше да се обрати до јавноста со одлука за иднината на владата, но терминот за конференцијата беше одложен.
Медиумите пренесуваат дека Курц остварил бројни телефонски разговори, не само со австриски политичари туку и со колеги од странство.
Наводно се јавила и новата шефица на германската ЦДУ Ангрет Крамп Каренбауер која го советувала да ја раскине коалицијата.
Слични пораки добил и од страна на други германски партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

