Контакт

Регион

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Објавено пред

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч со 11 килограми хероин. Според косовските медиуми, дрогата е пронајдена во неговиот автомобил за време на контролата на граничната полиција. Како што наведуваат медиумите, граничната полиција, користејќи кучиња за откривање дрога, успеала да ги пронајде наркотичките супстанци сокриени во автомобилот.

За време на деталната проверка на автомобилот, на местото каде што се наоѓала резервната гума полицијата пронашла 25 пакети хероин со тежина од 11 килограми. Возилото било преправано во Косово, каде што му бил направен посебен простор. Дел од хероинот бил скриен во овој простор, а остатокот внатре во резервната гума.Уапсениот со ова возило вчера тргнал од Косово, а денеска од Драч со траект сакал да замине за Италија.

Регион

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Објавено пред

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж кој работел во Италија, а сместен е во Риека.

„Од Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михајлевиќ“ во Загреб, потврден е трет случај на зараза со новиот коронавирус. Се работи за маж кој работел во Парма во Италија“ Сместен е во болница во Риека“ соопшти Управата за цивилна заштита.

Првиот заболен случај беше откриен вчера. Заразениот е 26-годишен маж, кој минатата недела три дена престојувал во Милано со девојката. Тој има благи симптоми и се наоѓа во изолација во Клиниката за инфективни болести во Загреб. Денеска беше откриено дека е заразен и неговиот брат близнак.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ ќе основа Европска школа за шпиoни во Загреб

Објавено пред

Претставниците на 23 европски земји ќе потпишат во Загреб писмо со намери со кое ќе заврши проектот за основање Разузнавачки колеџ во Европа. Со тој документи ќе бидат утврдени целите на колеџот, неговата сфера на дејствување и неговото управување, пренесува хрватскиот портал „Еурактив“ на „Јутарњи лист“.

Идејата за основање колеџ ја покрена францускиот претседател Емануел Макрон со говорот на Сорбона во септември 2017 година, кога зборуваше за посилна Европа. Макрон тогаш изрази потреба за основање своевидна европска разузнавачка академија во која разузнавачките заедници на земјите членки на ЕУ дополнително ќе се зближуваат преку обуки, образование и размена.

Франција во март минатата година ги собра европските безбедносни и разузнавачки служби и тогаш почна работата за конципирање на Разузнавачкиот колеџ во Европа.

Учеството во Разузнавачкиот колеџ, што европските медиуми го нарекуваат „школа за шпиони“ е понудено на 30 држави (27 членки на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија), а досега 23 држави потврдиле дека ќе го потпишат писмото со намери – Франција, Германија, Италија, Хрватска, Холандија, Унгарија, Португалија, Аустрија, Белгија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Летонија, Литванија, Малта, Норвешка, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Проектот на Разузнавачкиот колеџ би требало да го води Грција со поддршка од Кипар, но концептот и колеџот ќе почнат со работа во Загреб.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Во Србија нема заразени со коронавирус

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во Србија не постои коронавирус. Тој посочи дека е направен детален план во случај заразата да стигне и во Србија, објави „РТС“.

По состанокот во претседателството, Александар Вучиќ изјави дека разговарал со сите вклучени во превенцијата, но и со сите одговорни за решавање на проблемите доколку во Србија се појави коронавирус.

„Нема заразени со коронавирус во Србија. Ова го кажувам затоа што сме изложени на неверојатна кампања со лаги и невистини на социјалните мрежи – од тоа дека две лица починале на Клиниката за инфективни болести, до тоа дека луѓето шетаат во скафандери. Никој не починал и не само што нема жртви, туку нема ни позитивни на коронавирусот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека се договорени мерки за превенција и мерки за итен одговор на сите надлежни органи во Србија во случај на коронавирус.

„Предвидовме сè до најмалите детали“, уверува Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа13 минути

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар којшто избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија11 час

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион12 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија15 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија16 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија20 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет20 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија20 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион20 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион22 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа22 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава23 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија24 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија1 ден

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија1 ден

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт1 ден

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија2 дена

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија2 дена

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија2 дена

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Досие