Свет
Кoи се разликите меѓу двете водечеки вакцини против Ковид-19?

Вакцината на компанијата „Модерна“ е многу слична со онаа на „Фајзер“ / „Бионтек“ која е одобрена во Велика Британија, САД, Канада и некои други земји, а наскоро се очекува да добие зелено светло и во Европската унија.
Сепак, постојат неколку клучни разлики. Една од најважните е што вакцината на „Модерна“ може да се чува во конвенционални ладилници, што ја олеснува дистрибуцијата до помалите медицински центри и локалните заедници.
За разлика од „Фајзер“, која е позната фармацевтска компанија, „Модерна“ е биотехнолошка компанија со седиште во Кембриџ, Масачусетс, пишува Си-ен-ен.
„Модерна“ е основана во 2010 година и досега нема пласирано ниту еден производ на пазарот, ниту има добиено одобрение од амариканската Агенција за храна и лекови (ФДА) за која било од нејзините девет вакцини. Исто така, ова е прв пат некој од нејзините производи да ја помине третата фаза од клиничките испитувања.
Како што пренесуваат американските медиуми, брзиот развој на вакцината против Ковид-19 од страна на истражувачите на „Модерна“, се должи на тоа што тие имале голема предност во искуството со овој вид на вирус.
Имено, тие претходно соработувале со експерти од Националниот институт за здравство за вакцина против друг вид на коронавирус, МЕРС. Кога кинеските научници го објавија геномот на Ковид-19 во средината на јануари, вработените во „Модерна“ веднаш започнале со работа.
„Модерна“, за време на клиничките испитувања, на 15.000 учесници им дала плацебо, физиолошки раствор кој нема ефект. За неколку месеци, 185 учесници се заразиле со Ковид-19, а кај 30 се развила потешка форма на болеста. Еден од нив починал.
15 000 други испитаници примиле вакцина, а само 11 од нив се заразиле со коронавирус, при што никој од заразените не развил потешки симптоми на болеста.
Вакцината била ефикасна кај сите возрасни групи, полови, расни и етнички групи и кај учесници со хронични заболувања кои биле изложени на ризик за развој на потешки симптоми на Ковида-19.
Вакцината „Фајзер“ / „Бионтек“ исто така имаше ефикасност близу 95%.
Вакцината на „Модерна“, како и онаа на „Фајзер“, изопрачува RNK или mRNK; генетски рецепт за создавање на делот од телата лоцирани на врвот на коронавирусот. Кога RNK се инјектира во организмот, нашиот имунолошки систем прави антитела кон површината односно „боцките“ на коронавирусот што треба да нè штитат дури и кога подоцна сме изложени на овој вирус.
Во суштина, и двете вакцини се потпираат на mRNK за да го спречат вирусот, само што имаат малку поинаков состав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе од 4.000 руски воздушни напади.
„Москва си дозволува да ги ескалира своите напади, отворено искористувајќи го фактот што светот е фокусиран на обезбедување мир на Блискиот Исток“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс.
„Токму затоа не смее да се дозволи никакво слабеење на притисокот. Санкциите, царините и заедничките акции против купувачите на руска нафта – оние кои ја финансираат оваа војна – мора да останат на масата“, рече тој.
Според него, овој пристап може да го отвори патот кон траен мир за Европа.
„Светот може да го гарантира ова паралелно со мировниот процес на Блискиот Исток“, додаде украинскиот претседател.
Украина долго време повикува на санкции, вклучително и против Кина и Индија, кои се меѓу најважните купувачи на руска нафта.
Русија го интензивираше својот „воздушен терор против нашите градови и заедници, засилувајќи ги нападите врз нашата енергетска инфраструктура“, вели Зеленски. Тој рече дека само во изминатата недела Русија употребила повеќе од 3.100 беспилотни летала, 92 проектили и околу 1.360 едрилички бомби против Украина.
„Вчера во Костјантинивка, дете беше убиено во црква од воздушна бомба“, напиша Зеленски. Властите пријавија вкупно четири жртви во регионот Доњецк, вклучувајќи две во Костјантинивка, и две во регионот Керсон.
Според видеото објавено на интернет од Зеленски, кое прикажува пожари и уништување, Русија цела недела ги покривала со терор регионите Суми, Харков и Доњецк.
Украина сè уште ги бара дополнителните системи за противвоздушна одбрана ветени од сојузниците. „Ни треба силна поддршка од нашите партнери“, се наведува во видео апелот.
Свет
Израел е подготвен за итно ослободување на заложниците, вели Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е подготвен за итно примање на сите наши заложници“, според соопштение од Канцеларијата на премиерот, откако беа објавени информации дека ослободувањето на заложниците од Газа може да се случи уште вечерва.
Во меѓувреме, израелски функционер за јавниот радиодифузен сервис Кан изјави дека армијата очекува заложниците да се вратат во Израел до моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе пристигне во Израел утре во 9:20 часот наутро.
– ИДФ ги заврши подготовките за ослободување на заложниците и проценува дека сите ќе бидат ослободени пред пристигнувањето на Трамп, изјави изворот.
Медиумите на хебрејски јазик, повикувајќи се на неименувани израелски претставници, јавија дека Ерусалим добил индикации дека Хамас сака да го забрза ослободувањето на заложниците во Газа за вечерва, јави Тајмс оф Израел.
Свет
Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“.
Тој ова го кажа во обраќање за време на неговата неделна молитва пред десетици илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
– Ги охрабрувам сите вклучени страни храбро да продолжат по патот што го избраа, кон праведен и траен мир што ќе ги почитува легитимните аспирации на израелскиот и палестинскиот народ, изјави поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот.
Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден.
– Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас.
На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња.