Контакт

Вести

Лавров: Американците знаат на што сè сме спремни

Објавено пред

Москва сака нормални односи со САД со двострано почитување и повеќе пати до сега даваше предлози како да се изгради дијалог со оваа земја, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за телевизијата „Русија 1“.

Тој додаде дека Русија не го форсира пријателството со Вашингтон, како и дека руската страна повеќе пати на различни нивоа ѝ предлагала на американската страна како тие односи би требало да се изградат.

Според него, Русија е спремна да разговара со Вашингтон за кој било проблем во билатералните односи и да ги решава меѓународните проблеми.

„Тие знаат на што сè сме спремни. Доколку постои област во која Американците се спремни да разговараат на еднакво ниво и со целосна почит, ние сме отворени за тоа“, вели Лавров.

Говорејќи за нуклеарниот договор од кој САД најавија повлекување, Лавров вели дека Москва почнала со подготовка на одговори врзани за пактот за контролата на вооружувањето.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пред неколку дена соопшти дека Вашингтон планира да излезе од нуклеарниот договор со Русија кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери на Русија и САД, Михаил Горбачов и Роналд Реган.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет7 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет9 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет9 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија9 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија10 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија11 час

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија12 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион12 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија12 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија13 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет13 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија14 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија14 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија14 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа15 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа16 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет17 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија17 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Досие