Свет
Лавров: Ковид-пасошите во ЕУ се спротивни на доброволната вакцинација
Воведувањето ковид-пасоши на територијата на Европската Унија би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Излезе дека оваа идеја е спротивна на правилата на демократијата бидејќи во земјите на Европската Унија постои одлука дека вакцинацијата е доброволна. Ако се воведе ковид-пасош, тоа ќе биде во спротивност со принципот на доброволност. Тоа значи дека луѓето ќе бидат натерани со сила, се разбира, ако сакаат да патуваат, а во Европа, без движење меѓу земјите членки на ЕУ, населението тешко може да си ги замисли своите животи“, рече Лавров.
Тој додаде дека одлуките на Европската Унија во врска со можното воведување ковид-пасоши не треба да ги дискриминираат граѓаните на Русија, пренесува „Спутник“.
„Сè уште не можам да кажам ништо за тоа како ова ќе влијае на можностите на руските граѓани. Треба да почекаме за конечно решавање на ова прашање. Ги информиравме нашите колеги од Европската Унија дека сметаме на донесување одлуки што нема да ги дискриминираат руските граѓани“, рече Лавров на новинарско прашање да ја коментира идејата на Европската Унија за воведување ковид-пасоши во Европа.
Според него, ќе биде можно да се каже нешто поконкретно кога оваа идеја ќе добие барем некои прелиминарни конкретни карактеристики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Разочаран сум од Стармер
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за напади врз Иран, пренесе „Телеграф“.
Според извештајот, Обединетото Кралство првично одбило да дозволи користење на своите бази за воздушни напади, но Стармер во неделата навечер соопштил дека го прифаќа американското барање за нивна употреба во одбранбени напади врз ирански цели.
Трамп оценил дека на Стармер му требало предолго да се предомисли и додал дека ваква ситуација веројатно никогаш досега не се случила меѓу двете земји.
Стармер изјавил дека Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран и дека нема да им се придружи, но посочил дека поради, како што рекол, „иранската стратегија на спалена земја“, Лондон ја поддржува колективната самоодбрана на своите сојузници и своите граѓани во регионот.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА

