Свет
Лавров: Русија го поддржува повикот на ОН за глобален прекин на огнот во услови на пандемија
Русија го поддржува повикот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за глобален прекин на огнот во услови на пандемија на коронавирус, посочи рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.
„Руската Федерација верува дека повикот на генералниот секретар на ОН за глобален прекин на огнот во услови на пандемијата со Ковид-19 да е навремен, а земјите членки на ЦСТО едногласно го поддржаа тоа“, рече Лавров.
Според Лавров, Студената војна што почна кратко време по создавањето на ОН спречи глобалната организација целосно да го искористи својот креативен потенцијал.
„Новата надеж се роди дури 44 години подоцна, со падот на Берлинскиот ѕид како симбол на геополитичката конфронтација помеѓу два непомирливи системи. Ова не беше само за спречување на воена конфронтација, туку и за надминување на недовербата и нееднаквоста, контрола на неоколонијалните аспирации и промовирање конструктивна соработка заради градење заедничка иднина“, рече тој.
„Жално е што денес воените конфликти продолжуваат непречено во различни региони, надополнети со голем број предизвици со кои се соочува светот денес: меѓународен тероризам, трговија со дрога, компјутерски криминал и климатски промени. Оваа година на списокот беше додаден уште еден голем предизвик: пандемијата на коронавирус што предизвика сериозни социоекономски и други кризи “, додаде Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

