Контакт

Свет

„Лекари без граници“: Израелците го блокираа влезот во болницата, две лица настрадаа

Објавено пред

Меѓународниот претседател на организацијата „Лекари без граници“, Христос Кристоу, изјави дека двајца Палестинци умреле кога израелски воени возила го блокирале влезот во болницата во Џенин не дозволувајќи им пристап на пациентите.

dobivaj vesti na viber

„Два часа не можевме да им помогнеме на луѓето и тие не можеа да стигнат до нас бидејќи израелските воени возила ги блокираа влезот во болницата и патот спречувајќи минување амбулантни возила. Двајца Палестинци починаа од повредите бидејќи брзата помош не можеше да стигне до нив“, напиша Кристоу на социјалните мрежи, како што објави Си-ен-ен.

Кристоу рече дека бил во посета на тим на „Лекари без граници“ во болницата „Калил Сулејман“ во Џенин на окупираниот Западен Брег кога израелската армија извршила рација во бегалскиот камп „Џенин“.

„Ова мора да престане. Пациентите треба да имаат пристап до здравствена заштита во секое време. Нема ништо полошо за лекарот од тоа да не може да им помогне на оние на кои им е потребна медицинска нега“, рече тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера соопштија дека во Џенин траат судирите.

„ИДФ спроведува контратерористички активности во областа“, соопшти ИДФ, додавајќи дека нема да дава дополнителни детали додека не завршат операциите.

Европа

Белорусија ја зајакна одбраната; Лукашенко: Остро ќе одговориме на можните украински напади

Објавено пред

Белорусија ја зајакна заштитата и одбраната на инфраструктурните објекти во близина на украинската граница, а во случај на потенцијални напади од украинска страна, силно ќе одговори, изјави лидерот на земјата, Александар Лукашенко за новинарите во Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Лукашенко најави и дека со Путин разговарал за безбедносни прашања кои не ја засегаат само Украина.

Претседателот на Белорусија смета дека НАТО сака да ја вовлече Белорусија во украинскиот конфликт.

Според него, ако Минск сега влезе во војна против Украина, тоа нема да донесе ништо, бидејќи украинската граница е целосно минирана и бетонирана.

Покрај тоа, белорускиот лидер подвлече дека Украина треба да ја разбере неизбежноста од брз и повеќекратен одговор доколку испрати беспилотни летала во Русија.

Тој исто така посочи дека сега е погоден момент Украинците и Западот да седнат на преговарачка маса и да се договорат.

Тој потсети дека во мај завршува мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и може да дојде до ситуација во која Русија нема да има со кого да потпише мировен договор.

Коментирајќи го планираниот мировен форум во Швајцарија за решавање на украинскиот конфликт, белорускиот лидер рече дека мировните преговори во Швајцарија за Украина не се можни без Русија.

Лукашенко, исто така, истакна дека Белорусија многу внимателно следи што се случува во Украина, вклучително и колку брзо паѓа рејтингот на Зеленски меѓу граѓаните.

Лукашенко исто така рече дека ниту тој ниту Путин не сакаат братскиот украински народ да страда.

-Вчера реков дека на Русија сега и е потребна Белорусија која е мирна, тивка, која си ја врши работата. Нема да ви кажам детално што правиме. Но, јас директно велам: ниту јас, ниту Путин – и вчера разговаравме на оваа тема – не сакаме да страда нашиот братски украински народ. Не сакаме! – ја пренесе државната агенција „Белта“ изјавата на Лукашенко.

Прикажи повеќе...

Свет

Блинкен побара од Кина, Турција и од Саудиска Арабија да го одвратат Иран да го нападне Израел

Објавено пред

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговара со министрите за надворешни работи на Кина, Турција и на Саудиска Арабија и побара од нив да го искористат своето влијание врз Иран и да го одвратат официјален Техеран од потенцијален напад врз Израел.

dobivaj vesti na viber

„Секретарот Блинкен имаше низа повици до странски колеги, вклучително и турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан, на кои јасно им стави до знаење дека ескалацијата не е во ничиј интерес и дека земјите треба да го одвратат Иран од ескалација“, рече Милер на брифингот со новинарите.

Тој додаде дека американските претставници претходните денови разговарале со европските партнери и ги повикале да испратат јасна порака до Иран дека „ескалацијата не е во интерес на Иран, регионот и светот“.

Претходно оваа недела, „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека САД и нивните сојузници веруваат дека иранскиот напад врз Израел е неизбежен.

Потенцијален напад, со употреба на ракети со висока прецизност, наводно би можел да се случи во наредните денови, наведуваат изворите на „Блумберг“ додавајќи дека прашање е само кога Иран директно или индиректно ќе го нападне Израел, а не дали ќе го нападне.

Веста за ова подоцна ја објави „Ројтерс“.

Односите меѓу Израел и Иран станаа позатегнати по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија прогласи персона нон грата вработен во словенечката амбасада во Москва

Објавено пред

Како одговор на протерувањето вработен во руската амбасада во Словенија, Русија прогласи персона нон грата вработен во словенечката амбасада во Москва, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

МНР оцени дека тоа е „уште еден отворен непријателски чекор“ во контекст на општата политика на Словенија за уривање на врските меѓу двете земји.

Од Министерството посочија дека одговорноста за последиците од ваквата деструктивна политика е целосно на словенечка страна.

Од МНР објаснија дека вработениот во словенечката амбасада бил протеран по принципот на реципроцитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и Прилеп

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица што не ги исполнувале условите оти на...

Македонија3 часа

Универзалната сала не изгоре, изгоре она што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека...

Македонија3 часа

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа...

Македонија4 часа

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина...

Македонија5 часа

Грција реагира за употребата на името Македонија во кампањата, а сѐ уште ги нема ратификувано меморандумите поврзани со преспанскиот договор

Грчките медиуми пишуваат дека Атина одблиску ги следи политичките изјави поврзани со преспанскиот договор и употребата на името Македонија во...

Топ6 часа

МВР со детали: Непознато лице пукало од автомобил во движење во семејната куќа во Тетово

Непознато лице од автомобил во движење пукало во семејната куќа во Тетово. МВР се огласи по инцидентот што синоќа ги...

Македонија6 часа

(Видео) Пендаровски заигра оро во Кавадарци, Силјановска со коментар: „Ни се случува ‘Тешкото’“

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се...

Регион7 часа

Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата...

Свет7 часа

Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“

Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области....

Свет8 часа

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за...

Регион8 часа

(Видео) Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен

Голем пожар утрово околу 4.30 часот ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад. На терен има повеќе од десет противпожарни...

Македонија8 часа

Пендаровски: Јас сум првиот претседател што постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски...

Македонија23 часа

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека...

Македонија1 ден

Во затворот „Идризово“ се извршија претреси на повеќе простории, извести МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ „Идризово“, даде асистенција...

Топ1 ден

Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје – МВР со детали за несреќата

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11...

Економија1 ден

Тутунопроизводителите да си ги проверат сметките, денес исплатени 1,5 милијарда денари за субвенции, порача Николовски

Денеска, на сметките на речиси 14.300 тутунопроизводители се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од речиси една...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм,...

Топ1 ден

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“, извршени претреси

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“. Се вршат претреси, а од Обвинителството ја потврдуваат акцијата. „Во акција...

Македонија1 ден

Цикличен хибрид – Македонија назадува во правото и борбата против корупцијата, нотира извештајот на „Фридом хаус“

Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија бележи најновиот извештај „Државите во транзиција“ (Nations in...

Регион1 ден

Телото на Данка од Србија се бара во бунари, септички јами, шахти – осомничените дале 20 погрешни локации

По исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, припадниците на српското МВР активно трагаа по неа. Полицијата веќе во...