Свет
Либанската Служба за безбедност почнала истрага за амониумнитратот уште пред пет месеци
Либанската Служба за национална безбедност пред пет месеци почнала истрага по откривањето големо количество амониумнитрат во пристаништето во Бејрут, објави либанскиот телевизиски канал ОТВ повикувајќи се на свои извори во службата за безбедност.
Според ОТВ, истрагата утврдила дека супстанциите во хангарот се исклучително опасни. Имајќи го предвид тоа, испратена е наредба да се назначи одговорно лице од државата и пристанишниот орган да преземат мерки за да се спречат какви било инциденти, вклучително и експлозија.
Моќна експлозија го потресе синоќа пристаништето во Бејрут. Гувернерот на Бејрут рече дека половина од зградите во градот се оштетени, а болниците се преполни поради големиот број повредени.
Според Министерството за здравство, повеќе од 4.000 лица се повредени, а над 78 починале. Шефот на генералната служба за безбедност во земјата, генералот Абас Ибрахим, рече дека според прелиминарните податоци, биле активирани експлозивни материи што долго време биле чувани во пристаништето.
Премиерот на Либан, Хасан Дијаб, изјави дека експлозијата е предизвикана од несоодветно складирање 2.750 тони амониумнитрат во пристаништето во Бејрут. Либанската влада прогласи тридневна жалост за жртвите од трагедијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

