Свет
Либан нема финансиски средства да се справи со последиците од експлозијата
Либан нема доволно финансиски средства за да се справи со последиците од експлозијата во Бејрут, изјави либанскиот министер за економија и трговија, Раул Нехем, во коментар за телевизискиот канал „Скај њуз Арабија“.
„Либан нема финансиски средства за надминување на последиците од експлозијата. Бараме помош од меѓународната заедница. Штетата предизвикана од експлозијата се проценува во милијарди долари. Ќе треба време да ја процениме вкупната штета“, изјави тој .
Нехем додаде и дека единственото решение за Либан е соработката со Меѓународниот монетарен фонд.
Силна експлозија го потресе пристаништето во Бејрут на 4 август, при што беа уништени десетици згради и автомобили,оставајќи над 300.000 луѓе без покрив над главата.
Според последните извештаи, 137 лица загинале, речиси 5.000 се повредени, а десетици се водат како исчезнати.
Според полицијата, експлозијата е предизвикана од детонација при заварување во магацин со над 2.700 тони амониумнитрат конфискуван од страна на царинските служби пред повеќе од шест години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се случи по евентуалниот пад на иранскиот режим. Одговарајќи на прашање од европски дописник, Калас предупреди дека промената на владата не мора да гарантира подобра иднина за земјата.
„Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа“, рече таа.
Во врска со моменталната ситуација во Иран, Калас рече дека исходот е нејасен. „Во моментов е нејасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни“, рече таа.
„Исто така е јасно дека режимот брутално ги потиснува и убива луѓето за да навистина всади страв во општеството“, додаде таа.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа

