Свет
Лидерите на Г7 го осудуваат Путин за нападот на Украина

Лидерите на Г7 го осудуваат Путин поради одбивањето да се вклучи во дипломатскиот процес.
Во заедничката изјава, по виртуелниот состанок, лидерите на Г7 рекоа дека рускиот претседател Владимир Путин повторно ја вовел војната на европскиот континент.
„Застана на погрешната страна на историјата“, пишува во соопштението.
Тие додадоа дека го осудуваат Путин затоа што одбил да се вклучи во дипломатскиот процес.
„Ние сме обединети со нашите партнери, вклучително НАТО, ЕУ, нивните членки и Украина, и остануваме решени да го направиме она што е неопходно за да го зачуваме интегритетот на меѓународниот поредок заснован на правила“, се вели во соопштението.
Средбата траеше нешто повеќе од еден час, а на неа присуствуваа американскиот претседател – Џо Бајден, германскиот канцелар – Олаф Шолц, канадскиот премиер – Џастин Трудо, францускиот претседател – Емануел Макрон, италијанскиот премиер – Марио Драги, јапонскиот премиер – Кишида Фумио, британскиот премиер – Борис Џонсон, претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лаен, претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел и генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шојгу: За да се постигнат целите во Украина нема потреба од нуклеарно оружје

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вели дека се апсурдни изјавите на западните медиуми дека Русија наводно може да употреби хемиско оружје во Украина.
„Нема потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат целите на специјалната операција“, изјави денеска Шојгу.
„Од воена гледна точка, нема потреба да се користи нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат поставените цели“, рече Шојгу за време на Московската конференција за меѓународна безбедност, пренесува ТАСС.
Регион
Хрватот заробен во Украина се изјасни за невин и рече дека не се борел

Хрватот кој беше заробен во Украина се изјасни за невин пред судот во Доњецк, додека властите на таа самопрогласена република го обвинуваат дека учествувал во соборувањето на владата како украински платеник, а му се заканува смртна казна.
„Тој изјави дека неговите должности на бојното поле биле ограничени на следење на непријателските позиции и дека не учествувал во вооружени конфликти против руските сили. Последен пат пукал пред почетокот на војната во Украина“, јавуваат руските медиуми кои можат да го следат судењето, пренесе словенечката новинска агенција СТА.
Судот во отцепениот украински регион го почна судскиот процес против Хрватот, Швеѓанецот Матијас Густавсон и Британците Џон Хардинг, Ендрју Хил и Дилан Хили. Тие се обвинети за обид за „насилно преземање на власта или насилно задржување на власта“ и „учество во воен конфликт или воени операции како платеници“, пишува руска Известија, пренесе „Индекс“.
Интерфакс наведува дека следното рочиште ќе се одржи во октомври. Руските медиуми објавија видеа на кои се гледа дека обвинетите се во кафез во судот. Хрватска претходно најостро го осуди обвинението на Народна Република Доњецк против нивниот граѓанин.
Официјален Загреб „го отфрла обвинението и не го смета за основано и легално, бидејќи е спротивно на меѓународното право и меѓународните конвенции за третман на заробени цивили и воени затвореници“, објави Министерството за надворешни и европски работи на почетокот на овој месец.
Во Зрињевац рекоа дека се во континуиран контакт со украинските власти и други партнери со цел да се расветли случајот и да се ослободи Хрватот заробен во Украина, како и дека се во контакт со неговото семејство.
Европа
Лолобриџида на 95 години ќе се кандидира на избори, сака да стане сенатор

Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида изјави дека ќе се кандидира на општите избори следниот месец затоа што „ѝ е доста од препирките на политичарите“.
Лолобриџида, кој наполни 95 години во јули, сака да стане сенатор во партијата Суверена и Народна Италија (ISP), нов политички сојуз на евроскептиците, сојуз кој се спротивставува на политиката на Марио Драги, испраќање оружје во Украина и „воинствениот атлантизам“.
Таа изјави за Corriere della Sera дека е инспирирана од Махатма Ганди, дека го цени неговиот „начин на работа, неговото ненасилство“ и дека е „голем пријател“ на првата жена премиер на Индија, Индира Ганди.
– Ја гледав секогаш кога доаѓаше во Рим. Беше извонредна жена – рече таа.
Лолобриџида беше меѓу најгламурозните актери во златното доба на Холивуд.
Таа минатиот месец изјави дека е „решена да остане креативна“ и дека сега сака да искористи дел од таа енергија „за важни работи, особено за мојата земја“.
Последен пат Лолобриџида се обиде да влезе во политиката во 1999 година, кога се кандидираше на изборите за Европскиот парламент како кандидат на Демократите на Романо Проди.