Свет
Лукашенко: Светот повторно е на работ на неконтролирана трка во вооружување

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изрази загриженост во врска со зголеменото воено присуство на САД и на НАТО во близина на западните граници на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО), пренесува „Спутник“.
Лукашенко посочи дека светот повторно е на работ на неконтролирана трка во вооружување. Тој нагласи дека е особено загрижен поради дополнителното распоредување на американските трупи во Полска и плановите на земјата да создаде нови воени инфраструктурни објекти.
„Јасно гледаме дека системските воени настани стануваат сè почести на територијата на оваа земја и на балтичките нации“, додаде Лукашенко.
Тој предупреди дека метата не се само белоруските национални интереси.
„Треба да ги земеме предвид изјавите на НАТО за развој на некој нов стратешки концепт токму во овој контекст. Верувам дека сите разбираат против кого и против што ќе бидат насочени“, заклучи Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мексиканскиот претседател позитивен на коронавирус, од дома ќе разговара со Путин

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор (67) соопшти дека е позитивен на коронавирусот.
Тој на својот „Твитер“ напиша дека има лесни симптоми и е оптимист, како и дека ќе продолжи да работи од дома. Како што рече, тој ќе има разговор од дома со рускиот претседател Владимир Путин за набавка на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот.
Лопез Обрадор минатата година изјави дека ќе набави 12 милиони дози руска вакцина, доколку се покаже дека е ефикасна против вирусот.
Засега Мексико не одобри употреба на руска вакцина, но официјалните лица сакаат да ја прошират програмата за вакцинација за 128 милиони жители поради доцнењето во испораката на вакцините од страна на компаниите „Фајзер-Бионтек“.
Свет
Висок севернокорејски дипломат избега во Јужна Кореја

Високорангираниот севернокорејски дипломат Рио Хјун-ву избега во Јужна Кореја.
Тој бил на должност амбасадор на Северна Кореја во Кувајт и се смета дека со семејството избегал во септември 2019 година.
Во извештајот на еден јужнокорејски дневник се наведува дека амбасадорот Рио сакал да обезбеди подобра иднина за своите деца, пренесува Би-би-си.
Ова потсетува на случајот со севернокорејскиот дипломат Џо Сонг-ги, кој беше на должност во Италија и во 2018 година беше прогласен за „исчезнат“, а всушност во 2019 година избегал, што беше објавено дури во 2020 година.
Јужнокорејските власти одбија да ги потврдат овие случаи.
Не се случува често високи севернокорејски претставници да избегаат, иако секоја година од Северна Кореја бегаат околу илјада луѓе.
Регион
Брисел денеска расправа за дистрибуција на вакцините за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок ќе разговараат за ажурирањето на стратегијата за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 до трети земји, пред сè од Западен Балкан и соседите.
Состанокот на Советот за надворешни работи ќе го води министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел. Како што е најавено, првата точка на дневниот ред ќе биде презентирање на стратегијата на ЕУ од страна на Борел за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на трети земји и други напори на ЕУ да се обезбеди еднаков и фер пристап до безбедни вакцини на глобално ниво.
Потоа министрите ќе разменат мислења за неодамнешното апсење на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални по неговото враќање во Русија на 17 јануари 2021 година.
Советот, исто така, ќе разговара за трансатлантските односи, со цел иден ангажман со администрацијата на САД по инаугурацијата на Џо Бајден за 46. американски претседател.
Се очекува министрите да ги поздрават одлуките донесени од новиот американски претседател во текот на првите денови од неговиот мандат, особено кога станува збор за враќање на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација.
Размената на мислења, исто така, ќе се фокусира на состојбата на мигрантите и бегалците во Босна и Херцеговина, вклучително и различни аспекти на акцијата на ЕУ за решавање на оваа „непосредна хуманитарна состојба“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот