Свет
Маж се запали пред седиштето на Агенцијата на ОН за бегалци во Женева

Пред седиштето на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) во Женева се запали маж.
Портпаролката на високиот комесар за бегалци, Лиз Тросел изјави дека веднаш пристигнале медицинските служби кои го згрижиле мажот.
Како што рече, засега не е познат неговиот идентитет, ниту националноста, пренесе „Ројтерс“.
Мажот го преживеал инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српски виролог: Кинеската вакцина побавно создава имунитет, но е најотпорна на мутациите на коронавирусот

Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Кралево, вели дека кинеската вакцина против коронавирус побавно создава имунитет, но дека според научниците од Кембриџ и Оксфорд, таа вакцина е најотпорна на мутации на вирусот.
Шеклер рече дека вакцините на кинескиот производител „Синофарм“ ги испитувале американски лаборатории и потсети на изјавата на еден од американските виролози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и на руската „спутник В“.
„Тоа е класична вакцина, експертите од Кембриџ и Оксфорд велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации, бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот“, изјави Шеклер за телевизијата К1.
Коментирајќи ја изјавата на раководителот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Гао Фу, дека поради ниската ефикасност на кинеските вакцини, се разгледува комбинацијата на вакцини против Ковид-19, Шеклер рече дека кинеската вакцина на „Синофарм“ побавно развива имунитет отколку западните „инстант“ вакцини кои се засноваат на еден антиген.
Тој додаде дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е до 86 проценти, околу 50 проценти за „Синовак“ и до 62 проценти за вакцината против сезонски грип.
Регион
Уапсен словенечки државјанин, превезувал 33 мигранти од Пакистан

Дваесет и две годишен словенечки државјанин е уапсен откако бил фатен во комбе со кое превезувал 33 пакистански мигранти, соопшти денеска полициската управа на Љубљана.
Полицијата запре комбе на автопатот А1 во близина на Врника, југозападно од Љубљана, додека возеше во правец на Копер.
При претрес на возилото биле откриени 33 пакистански државјани, а мигрантите илегално ја минале границата.
Возачот, кој доаѓал од подрачјето на Крањ, бил уапсен, додека постапките со мигрантите се уште траат, објави полицијата.
Европа
ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. „зелени сертификати“, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите вакцини против Ковид-19, а граѓаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, беше објавено денеска во Брисел.
Европскиот комесар за правда, Дидие Рејндерс, на дебата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, рече дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување, на начин прилагоден на здравствената состојба.
„Европската комисија предложи дигиталните зелени сертификати да се прошират на државјани на трети земји кои живеат или легално патуваат во ЕУ. Со текот на времето, европските зелени сертификати треба да станат интероперабилни со стандардите на меѓународно ниво. На среден рок, системот треба да се усогласи, така што сертификатите издадени од трети земји автоматски ќе се прифаќаат во ЕУ“, рече Рејндерс.
Тој во Европскиот парламент додаде дека сите граѓани на ЕУ ќе добијат ист третман кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување и дека сертификати ќе се издаваат за сите вакцини, без оглед дали се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или не.
„Земјите-членки ќе бидат обврзани да ги прифатат вакцините кои се одобрени на ниво на ЕУ, но ќе може слободно да ги прифаќаат и сите други вакцини“, нагласи Рејндерс.
Потенцира и дека дигиталните сертификати ќе можат да се користат само за слободно движење и дека секоја друга употреба на национално ниво мора да биде законски утврдена, пропорционална и недискриминаторска.
Хрватска и 12 други членки на Европската Унија веќе постигнаа договор за критериумите за издавање на т.н. ковид-пасоши, односно зелени пасоши, кои би го олесниле протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено вчера.
Зелениот пасош ќе обезбедува информации преку QR-код за тоа дали неговиот носител е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш