Свет
Макрон: Гугл ќе мора да ги почитува француските закони
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека американскиот пребарувач „Гугл“ не може да биде изземен од законите во Франција и дека компанијата мора да плати авторски права на медиумите, како и сите други фирми.
Макрон реагираше на неодамнешната одлука на Гугл за примена на нови правила со кои нема да им плаќа авторското право на медиумите. Управа на Гугл најави дека место да плаќа, ќе пренесува само наслов или линк на медиумите.
Законот за авторски права стапува во сила во Франција на 24 октомври, во согласност со европските реформи на оваа тема.
„Законот за авторски права мора да се почитува и тоа треба да го плаќаат интернет платформите или претпријатијата коишто користат медиумски содржини“, рече Макрон, додавајќи дека дури и големите претпријатија не можат да се извлечат од тој закон ако сакаат да прават бизнис во Франција .
Францускиот закон е усвоен за да можат медиумите да добијат пари од големите пребарувачи како Гугл и Фејсбук, кои ги користат нивните содржини. Француските власти веруваат дека одлуката на Гугл само да прикажува линк или медиусми наслов не е во духот на законите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.
Свет
Песков: Путин лично му даде азил на Асад
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.
Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.
Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.