Регион
„Макфакс“ дојде до декларацијата што ќе биде усвоена на Самитот во Софија

„Макфакс“ дојде до нацрт-декларацијата што ќе биде усвоена на 17 мај во Софија на самитот на Европската Унија за Западен Балкан, на која европските лидери одлучија земјите од Западен Балкан да не стават потпис по настојувањата на Шпанија, Косово да не добие третман на држава на претстојниот самит. Шпанските медиуми коментираат дека како утешна награда за оваа држава е тоа што западнобалканската шесторка (Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово) нема да треба да стави потпис на документот. Тоа е потврдено и во самата декларација, каде што како посебна точка е посочено дека земјите од Западен Балкан се согласуваат со заклучоците во документот. Исто така, може да се забележи дека во текстот во декларација се користи терминот „нашите партнери од Западен Балкан“ наместо именување на државите.
Инаку, шпанскиот премиер, Маријано Рахој, денеска потврди дека, дефинитивно, нема да учествува на самитот поради позицијата на земјата кон Косово.
„Од самиот почеток беше јасно дека шпанскиот премиер Рахој не сака да учествува поради ставот на Шпанија за статусот на Косово“, рече висок официјален претставник на ЕУ. Меѓутоа, Шпанија најавила дека, сепак, ќе биде презентирана на самитот од страна на понизок дипломатски претставник.
Рахој и претходно навестуваше дека не сака да се најде на исто место со косовскиот претседател Хашим Тачи бидејќи официјален Мадрид не го признава Косово како држава, но исто така и поради контроверзната биографија на албанскиот лидер.
Шпанските медиуми наведуваат дека Рахој ќе замине во Софија, каде што ќе се сретне со локалните власти и ќе присуствува на вечера со европските лидери еден ден пред самитот, а потоа ќе се врати во својата земја. Освен Шпанија, и Грција, Кипар, Романија и Словачка како членки на Унијата не го признаваат Косово, но ќе присуствуваат на самитот. Шпанија е единствената земја што го задржа цврстиот став во однос на самитот.
Инаку, во декларацијата ЕУ ја поздравува заедничката посветеност на партнерите од Западен Балкан на европските вредности и принципи и на визијата за силна, стабилна и обединета Европа.
„Надградувајќи го досега постигнатиот напредок, партнерите од Западен Балкан ѝ се посветија на европската перспектива како нивен цврст, стратешки избор за да ги зајакнат своите напори и меѓусебната поддршка. Веродостојноста на овие напори зависи од јасната јавна комуникација. ЕУ е одлучна да ја зајакне и да ја интензивира својата вклученост на сите нивоа за да ја поддржи политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, како преку засилена помош заснована на видливиот напредок во владеењето на правото така и преку социоекономски реформи на партнерите од Западен Балкан“, се наведува во заклучоците.
Исто така, ЕУ го поддржува ветувањето на партнерите од Западен Балкан дека ќе продолжат со зајакнување на добрососедските односи, регионалната стабилност и на меѓусебната соработка. „Ова го вклучува изнаоѓањето и примената на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за своите билатерални спорови кои потекнуваат од минатото, како и посветување дополнителни напори за помирување“, стои во документот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Авион на Ер Србија принудно слетал во Црна Гора

Авионот на компанијата Ер Србија, Ербас 319, кој летал на релација Тиват – Белград, во вторникот околу 15 часот и 45 минути морал принудно да слета поради дефект на моторот, јавува Нова.рс.
– Тоа беше нешто како удар на гром. Авионот губел и менувал напојување, а една патничка видела искри под нејзините нозе и испуштање гориво од резервоарот во морето. Околу половина час кружевме над Бока Которска, а луѓето на копно забележаа дека од авионот излегува голема количина чад. Меѓу патниците имало и луѓе со мали деца кои почнале да плачат – вели патникот.
Тој додава дека во првите десет минути од летот екипажот не дал никакво објаснување, што уште повеќе ги загрижило патниците.
– Тогаш не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват. Следеше стандардната процедура во таква ситуација, а тоа дополнително ги исплаши патниците, особено странците – додава патникот.
– Механичарите го прегледуваат авионот, а патниците чекаат нови информации за летот. Некои поради страв се откажале од денешниот лет и им помогнала аеродромската служба – изјавила патничката,пренесе 24часа.хр.
Регион
Хрват пронашол вреќа со бомби додека чистел бунар

Момче од Хрватска пријавило во полиција дека додека чистел бунар во Мали Гревац извадил торба во која имало бомби.
На местото на настанот излегол полициски службеник за антиексплозивна заштита. Испитувајќи ја вреќата и извадената кал од бунарот, открил:
8 струјни мини за тромбон,
13 бомби М-75,
6 бомби М-52,
100 грама експлозив ТНТ,
24 парчиња артилериска муниција калибар 20 мм,
3 патрони за автоматска пушка и
10 парчиња муниција од различен калибар
Сето горенаведено е безбедно отстрането и складирано во магацинот за смртоносна опрема до уништување, соопшти полицијата, пренесе хрватски Индекс.
Регион
(Видео) Голем пожар кај Шибеник, на терен повеќе од 50 пожарникари

Во 15 часот и 17 минути шибеничките пожарникари добиле дојава за пожар во Врпоље, објави Шибенски.хр.
Според Противпожарната бригада на Шибеничко-книнската жупанија, на терен се 51 пожарникар со 18 возила.
На копнените сили им помагаат четворица Канаѓани, кои се испратени на местото на пожарот.
– Сега на терен се 51 пожарникар со 18 возила, а на помош и четворица Канаѓани. Патот Врпоље-Данило е затворен, а струјата во околината е исклучена – соопштија од Жупанискиот центар 112.
Противпожарната бригада на Шибеничко-книнската жупанија добила дојава за пожар во 15 часот и 17 минути.
Како што изјави за Радио Шибеник Волимир Милошевиќ, командант на противпожарната служба во Шибеник, пожарот кај Врпоље се уште не е ставен под контрола.
– Во густата борова шума се уште гаснат четири кантари. Ситуацијата е неизвесна, но најважно е пожарот повеќе да не ги загрозува зградите. Главно работиме на зачувување на предметите и се обидуваме да го запреме пожарот – рече Милошевиќ.
Лошата вест за шибеничките пожарникари е што пожар избувна и на островот Какањ во шибенскиот архипелаг. На пожарот биле испратени три трактори.
На пожарникарите не им помага тоа што дува умерен јужен ветер,пренесе Блиц.рс.