Свет
Малолетник во Америка со пиштол убил жена и три деца
Момче вооружено со пиштол убило три деца и една жена во дом во американската сојузна држава Јута, во петокот вечерта, додека петто лице е повредено и завршило во болница, јави „Еј-би-си њуз“.
Пукањето се случило во мирна населба во градот Грентсвил, посочи телевизискиот канал.
Полицијата сè уште се обидува да открие кој е кој во овој инцидент и што точно се случило за време на пукањето во петокот навечер. Инспекторите веруваат дека жртвите се роднински поврзани, а полицијата одби да објави какви било информации за напаѓачот освен дека е малолетник. Властите исто така соопштија дека сè уште не е утврден мотивот за нападот.
Полицијата добила повик за пукање и пристигнала на местото на настанот околу 7 часот навечер. Кога пристигнале, нашле тела на две девојчиња, едно момче и една жена. Напаѓачот и преживеаната жртва не биле во куќата. Подоцна откриле дека по пукањето, во куќата дошол маж кој преживеаната жртва и момчето што пукало ги пренел во болница.
Полицијата го уапсила момчето и го одвела во центар за притвор на малолетни лица, додека повредениот во моментов е во болница и е во стабилна состојба. Лицето кое ги однело во болница немало никаква врска со пукањето.
Момчето се соочува со 10 обвиненија, од кои најсериозно е она за тешко убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.

